Колосек или Грами () — праисториска и античка населба кај селото Драгоманци, Мегленско, Егејска Македонија. Била населена од неолитот, па сè до доцноримскиот период.

Населбата се наоѓа североисточно од Драгоманци и датира од средниот неолит (5800/5600 – 5400/5300 г. п.н.е.). Им припаѓа на широко растурените населби и куќите се од типот земјанки — јами со големина до 5 × 4,20 м и ѕидови од греди и плитар. Откриени се и две надземни купести куќи, како и два големи рова со должина од 13, ширина од 8 и длабочина од 5,30 м. Меѓу наодите преовладуваат керамиката, камените и коскените орудија — острици, секири, толчници, воденички камења — тегови за разбој и други артефакти, поврзани со ткаењето, како и монистра и гривни.

Во 2012 наоѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Меглен