Лилја Рустемовна Буџурова (кримско-татарски: Lilâ Rustem qızı Bucurova или Lilya Rustem kyzy Budzhurova), (родена на 1 ноември 1958 во Ангрен, Крим) е кримско-татарска поетеса и новинарка. Таа била именувана како почесен новинар на Украина во 2005 година.
Во 2015 година таа ја изгубила својата позиција во АТR (ТВ канал), откако каналот не успеал да добие лиценца од Роскомнадзор како одмазда за проукраинските ставови што ги емитувал.
Животопис Буџурова била родена на 1 ноември 1958 година во узбекистанскиот град Ангрен. Во 1979 година дипломирала на Филолошкиот факултет на Регионалниот државен педагошки институт на Ташкент. Таму од 1979 до 1991 година работела како наставник по руска и странска литература.
Новинарска кариера Во 1989 година таа ја објавила својата прва самообјавена колекција „Некупениот билет“, а потоа збирката „Кога ќе се вратиме“. Таа се преселила во Крим во 1991 година. Од 1991 до 1997 година, таа работела како главен уредник на кримско-татарски весник Авлет, од каде таа тврди дека била отпуштена поради критикувањето на Мустафа Џемилев.
Од 1991 до 2011 година, таа работела прво како уредник при кримско-татарската редакцијата, а потоа како главен уредник на Државната ТВ и радио компанија . Низ годините таа работела како уредник на кримско-татарскиот весник „Авдет“, а потоа ги водела програмите „Ана-Јурт“, „Опасна зона“ и „Главен уредник“. Од 2004 до 2014 година, таа работела како главен уредник на весникот „Перваја Кримскаја“"Буджурова Лиля Рустемовна" . Известные люди Юга России - рейтинг и биографии знаменитостей (in Russian). Retrieved 2022-04-13. и од 1992 до 2009 година - како дописник на СТB (ТВ канал). Од 1992 година таа била дописник на агенцијата Франс прес. Таа објавила дела во интернет весникот „Украинска правда“ и е претседател на Кримското здружение на слободни новинари од 1997 година.
Во 2012 година таа станала заменик генерален директор за информативна политика на АТR (ТВ канал) и автор на политичкото и социјално ТВ шоу „Гравитација“.
На Буџурова ѝ било издадено официјално предупредување поради „екстремистички ставови“ од страна на обвинителите. Таа протестирала поради почестите апсења на Кримските Татари. Таа напишала на Фејсбук во април:Наскоро Кримските Татари ќе бидат фатени на улиците, во јавниот превоз и на пазарите. Ние сме помалку од чекор од тоа да бидеме принудени да носиме жолта лента на ракавите, за да нè разликуваат.Во март 2015 година, таа предупредила против задолжителната произволна регистрација на криминалистички медиуми според рускиот закон што довел до затворање на многу медиуми. АТR бил затворен во април 2015 година бидејќи не успеал да добие лиценца од Роскомнадзор, како одмазда за проукраинските ставови што ги емитувал каналот. "Crimean Tatar media 'silenced by Russia'". BBC News. 2015-04-01. Retrieved 2022-04-13.
Буџурова поради затворањето на каналот ја напуштила функцијата заменик генерален директор за информативна политика на АТR и почнала да се занимава со хуманитарна работа. Од август 2015 година, таа е заменик директор на продукциското студио КараДениз продукција. Таа е една од организаторите на годишниот натпревар за детски таленти „Сanlı ses“.Публикация этих фото — самый сильный ход пресс-службы Совмина Республики Крым со времён начала «Светопредставления» Во 2016 година, таа била една од основачите на јавното движење „Bizim Balalar“ (Нашите деца) за поддршка на децата на кримските муслимански затвореници.
Во 2019 година таа помогнала при ослободувањето на архиепископот Симферополски и на Кримски Климент од Православната црква на Украина.
Политичка кариера Во 1991 година Буџурова била избрана како делегат на II Курултај на Кримските Татари. Таа двапати беше избрана во Меџлисот на Кримските Татари (член од 1991 до 1997 година), а од 1994 до 1998 година била заменик во Врховниот совет на Крим. Таа на 2 ноември 2015 година изјавила дека бил извршен претрес на нејзиниот дом во врска со кривичната постапка против Ленур Ислјамов.
Награди
Почесна диплома од Советот на министри на Крим (2000 година; како член на авторскиот тим)
Лауреат на наградата Василиј Стус (2001)"Про відзначення державними нагородами України з нагоди річниці підтвердження всеукраїнським референдумом Акта проголошення незалежності України 1 грудня 1991 року". Офіційний вебпортал парламенту України (in Ukrainian). Retrieved 2022-04-13.
Кавалиер на Орденот „За заслуги“ III степен (2015)
Награда „Високи стандарди на новинарство“ (Украина, 2018) - во категоријата „За квалитетен регионален медиумски проект“, медиуми - Кримски Татари.
Публикации
Наводи
Надворешни врски Лилја Буџурова (Солзите на народот) Крималогија Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1958 година Категорија:Дејци Категорија:Кримски Татари Категорија:Новинари Категорија:Писателки