Лештенска Река (, Фарасино; старо: Λεστάν, Лестан) — река во Драмско, Егејска Македонија, лева притока на Места.
Реката извира под името Гарване во југоисточните Родопи, југоисточно под врвот Бардаково (1.816 м) и источно од истоименото село Бардаково. Реката тече на север и тука ја образува границата меѓу родопските делови Кушлар и Ардински. Западно од врвот Карапулево (гранична пирамида бр. 111) реката свртува на југозапад и веднаш ја прима големата десна притока Крушевска Река (Крушово Чај, Крушово Рема, Крусовитис) веднаш по камениот Крушевски мост. Проаѓа крај селото Лештен и ја прима големата десна притока Лаџа (Илиџе). Го сменува правецот на југ, ја прима левата притока Лакатина до Шејтан-мост и под името Шејтан Дере (Дјаволорема) се влева во Места, каде денес е изградена акумулацијата Олско Езеро.
Во 1969 г. името на реката во горното течение е сменето од Лештен во Ано Аеторема (Άνω Άετόρρεμα), а во средното од Гарване во Аеторема (Άετόρρεμα).
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Места Категорија:Бук