мини|нХристина Спасевска е професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и научник во областите на физиката.
Родена е на 29 април 1967 година во Струмица, каде го завршила своето основно и средно образование.
Образование Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на насоката применета физика во 1990 година. На истиот факултет магистрирала во 1997 година на тема „Испитување на системот полиетиленоксид-вода со оптички и електрооптички методи”, а во 2002 година ја одбранила докторската дисертација „Истражувања на молекуларни и макроскопски параметри на полимери што содржат 1,3,4-оксадијазолови прстени”.
Академска и научна дејност Христина Спасевска својата академска дејност ја започнува во 1990 година како помлад асистент на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а за асистент во 1997 година. Во 2003 година е избрана за доцент, во 2008 година за вонреден професор, во 2012 година за редовен професор, а во 2017 година е реизбрана за редовен професор на истиот факултет.
Таа е претседател на Асоцијацијата на здруженија на инженери-Инженерска Институција на Македонија, претседател на Метролошкиот совет при Бирото за метрологија, национален претставник на Форумот на Европскиот совет за иновации и претседавач на меѓународните конференции „Жените во“.
Во последните десет години проф. д-р Христина Спасевска е раководител или учесник на повеќе од 20 научно-истражувачки и апликативни меѓународни проекти во програмите ФП7 (FP7), ЕУРЕКА (EUREKA), Хоризонт (Horizon 2020), ИПА (IPA) и КОСТ (COST), Еразмус (Erazmus), како и проекти финансирани од Меѓународната агенција за атомска енергија (International Atomic Energy Agency), Светска Банка (World Bank), Централно Европската Иницијатива (Central European Initiative) и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Таа е соавтор на повеќе од 80 научно-истражувачки и стручни трудови, кои се објавени во меѓународни списанија, списанија со фактор на влијание или трудови презентирани на конференции од областа на нови материјали и нивна примена во енергетски системи. Има објавено повеќе од 10 книги, учебници и учебни помагала.
Професионални функции
Проректор за настава на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (од 2020). Продекан за настава на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (2012-2016). Раководител на Институтот за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје (2016-2020). Раководител на акредитирана Лабораторија за радијациона физика (РАД-ЛАБ), Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје (од 2023). Раководител на акредитирана Лабораторија за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење (ЛКХТЈЗ), Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје Факултетска лабораторијата за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење - ФЕИТ (2018-2023). Раководител на Центарот за сончеви технологии – СОЛТЕК, Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје (2009-2018).
Награди Медал за меѓународно лидерство од Lions Clubs International (2022).
Награда „13 Ноември“ за наука на Град Скопје за остварување во науката, техниката и стопанството од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност (2019).
Најдобар дипломиран студент по физика на Природно-математички факултет во Скопје (1990).
Библиографија Библиографија на Христина Спасевска.
Наводи
Спасевска: Императивно е да изградиме европско образование дома Спасевска, проректор за настава на УКИМ: Дигитална трансформација на високото образование во чекор со дигиталните побарувања на компаниите Инженерска институција на Македонија одбележа 103 години Со пораки за жените во науката, ИТ секторот, состојба и предизвици се зборуваше на регионалната конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ-Гласно и храбро ги поместуваме границите“ „ДЕБАТА: Испит уште полагаме со хартиена пријава, дигиталните алатки во наставата се реткост“ – Новинска агенција Мета.мк Спасевска: Треба да се смени концептот на предавања и пренесување на знаењето Интервју со проф. д-р Христина Спасевска: Секој може да биде успешен на повеќе полиња ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: ПОД 1% ОД ЖЕНИТЕ ВО ЗЕМЈАВА СЕ НА ВИСОКИ КОРПОРАТИВНИ ПОЗИЦИИ, ВО ЕВРОПА НАД 12 ПРОЦЕНТИ Спасевска: Клучот 50% во родовиот баланс не гарантира понатамошен напредок во кариерата на жените до менаџерски лидерски позиции Дебата во Europe House Скопје: Науката и иновациите првпат обединети во европските политики Застапеноста на жените во науката е актуелна тема и на национално и на глобално ниво Новите технологии наметнуваат интердисциплинарна настава велат професорите, младите инженери и студентите Христина Спасевска, професорка на ФЕИТ: Реформи во образованието и соработка на училиштата со универзитетите Проектот за дигитални реформи во високото образование презентиран пред дел од универзитетите Доделени плакети по повод 15 годишнината на Комората Ковачевски: Социјално-енергетската трансформација треба да се базира на солидарност, соработка и инвестиции Доделување на признание Инженерски прстен 2022 година Проф. д-р Христина Спасевска: Вистинското искористување на фотоволтаиците и на сончевата енергија ќе се случи кога домаќинствата ќе ги инсталираат Македонската жена остава траги во науката, интервју со проф. д-р Христина Спасевска од ФЕИТ по повод Денот на жените во науката Проф. Спасовска: ЕК предупредува за бавната реализација на инвестициите во зелена енергија, но со РЕК Битола обезбедуваме минимум стабилност со производство на струја од сопствени извори ПРЕКУ НОВ ТРИГОДИШЕН ПРОЕКТ ДО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО Доделено признанието „Инженерски прстен“ на 12 најуспешни дипломирани инженери ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И ВОВЕДУВАЊЕ НА НАПРЕДНИ ВЕШТИНИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР Ги запознаваме студентите на ФЕИТ со важноста и значењето на индустриската сопственост Да се погледнеме и да проговориме за нашиот професионализам Македонија обележува еден век Инженерство Проф. д-р Христина Спасевска: Науката треба да биде движечка сила за развој на малите земји Информациското моделирање може многу да заштеди средства и да намали грешки во големите инфраструктурни објекти Професор д-р Христина Спасевска од ФЕИТ ја доби наградата „13 Ноември“ Наградата „13 Ноември“ за наука доделена на професор Христина Спасевска Oбуки за обновливи извори на енергија во Стопанската комора на Македонија Потребно е зајакнување на родовата еднаквост во професиите од енергетиката и во општеството МЕФ 2019: СО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НЕ ПОСТОЈАТ МАШКИ И ЖЕНСКИ РАБОТИ Од вториот панел дискусија на Македонскиот енергетски форум 2019: Потребно е зајакнување на родовата еднаквост во професиите од енергетиката и во општеството Христина Спасевска инженерска институција Обуки за инсталирање фотоволтаици и топлински колектори Обуки за инженери за користење на БИМ технологијата за енергетска ефикасност на градбите Обуки за инженери за користење на БИМ технологијата за енергетска ефикасност на градбите Младите инженери од Македонија примени во Европската федерација на млади ниженери Македонија е лидер во регионот за родова еднаквост во енергетиката Конференција: Потребни се повеќе жени на раководни места во енергетиката Нови перспективи за јонизирачко зрачење на храната и во Република Северна Македонија Recognition of previous learning for engineers Студенти од ФЕИТ го промовираа електричниот Феитмобил! Промовиран првиот електричен картинг- Феитмобил Најдобрите млади техничари и природници од Македонија се натпреваруваа во Пехчево Македонија ќе добие лабораторија за јонизирачко зрачење Огромен интерес за студирање на ФЕИТ Педесет генерации инженери на ФЕИТ
Наводи