Куру Дере (, Ксирорема, до 1969 г. Κουροῦ Ντερὲ) — река на планината Урвил, Саришабанско, Егејска Македонија.

Реката извира во северниот дел на Урвил, североисточно под врвот Чал (1.298 м) под името Чајлик (Халкорема). Тече во југоисточен правец до селото Чајлик, а јужно од него свртува на југ под името Кочаглар. Ја прима десната притока Сујутчук Дере (Ајасма) и свртува на југоисток. Во котлината на Муша Маала ги прима десните притоки Али Кури (Кумариес) и Кестени (Кастания). Во котлината нагло свртува на исток, ја прима десната притока Саут Дере (Итија Рема), и под името Куру Дере ја напушта планината. Потоа се влева во Места како нејзина десна притока, североисточно од селото Куру Дере.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Места Категорија:Места (општина)