Јоаким Меле Педерсен (роден на 20 мај 1997 г.) — дански фудбалер, играч од одбраната на Волфсбург и на данската репрезентација.

Клупска кариера Олборг Роден во Остервро, Меле започнал да игра фудбал во локалниот клуб Остервро и се приклучил на младинската академија на Олборг на 12-годишна возраст. На свои 19 години, Меле бил префрлен во првиот тим на клубот и исто така потпишал сениорски договор со клубот. Свето деби за Олборг тој го забележал на 7 август 2016 година. Тој го започнал натпреварот од клупата за резерни играчи, но го заменил Томас Еневолдсен во 89. минута од натпреварот против Норшелан во данската суперлига.

На 11 ноември 2016 година, Меле потпишал нов договор до 2020 година.

Генк На 9 мај 2017 година, од Олборг го потврдиле трансферот на Меле во Генк со почеток од 1 јули 2017 година.AaB sælger Mæhle til KRC Genk‚ aabsport.dk, 9 мај 2017 Тој бил замена за Тимоти Кастањ, кој направил трансфер во Аталанта. Меле своето деби за Генк го забележал на 29 јули 2017 година во првиот натпревар од сезоната од белгиската прва лига против Васланд-Беверен, влегувајќи од клупата за резервни играчи. Во првата сезоната во Генк, тој не бил прв избор на својата позиција, натпреварувајќи се со Клинтон Мата за место во почетниот состав. Во втората сезона, по заминувањето на Мата во Клуб Бриж, тој станал прв избор на клубот. Истата сезона, Меле прераснал во клучен играч на Генк. Со негова помош, Генк ја освоил титулата во белгиското првенство во сезоната 2018–19.

На 11 септември 2019 година, Меле го продолжил совојот договор со Генк до јуни 2023 година.Mæhle forlænger aftalen med belgiske mestre, bold.dk, 11 септември 2019

Аталанта На 22 декември 2020 година, Генк го потврдил трансферот на Меле во Аталанта на пет години вреден 10 милиони евра. Тој официјално се приклучил на Аталанта на 4 јануари 2021 година. Своето деби во Серија А, Меле го забележал на 6 јануари во поразот од 3–0 од Парма. На 28 февруари, Меле бил асистент на гол во победата од 2–0 против Сампдорија. Меле го постигнал својот прв гол за Аталанта во победата од 6–2 над Удинезе на 9 јануари 2022 година.

Волфсбург На 12 август 2023, Меле бил купен од германскиот клуб Волфсбург, во трансфер вреден 13 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот од Првата Бундеслига.

Меѓународна кариера Своето деби за сениорската репрезентација на Данска, Меле го забележал на 5 септември 2020 година во натпревар од Лигата на нации против Белгија; тој го заменил Мартин Браитваите во 72. минута од натпреварот кој завршил со резултат 2–0 за Белгија. Тој го постигнал својот прв на пријателскиот натпревар против Фарските Острови на 7 октомври 2020 година.

Во јуни 2021 година, тој бил вклучен во финалниот состав на Данска за Европското првенство 2020, каде што Данска стигнала до полуфиналето.

На 12 октомври 2021 година, Меле го постигнал единствениот гол во победата од 1–0 над Австрија, обезбедувајќи пласман на Данска на Светското првенство 2022 во Катар.

Успеси

Прва лига на Белгија: 2018–19

Наводи

Надворешни врски

Профил на мрежното место на Аталанта

Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Дански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Генк Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Волфсбург Категорија:Живи луѓе