Спанч (, Спанос) — река во Кукушко, Егејска Македонија, лева притока на Галик. Долга е 31 км.

Течение Реката извира од источните падини на планината Круша (планина), на надморска висина од 640 м североисточно над селото Фанарли. Зазема југозападен правец, минува јужно од селото, а потоа тече низ Шемница. Потоа се упатува на југ, и откако ќе ги одмине Алексово и Касамли од исток, проаѓа источно и јужно од Грамадна. Проаѓа низ Стрезово од исток и Сеслово од северозапад, и тука меѓу овие две села се влева во Галик.

Опис

Спанч е најголема притока на Галик според количината на вода. Полноводноста на Спанч е сезонски зависна од количината на врнежи од дожд и стопен снег од планината Круша. Често пресушува во летниот период, но набргу почнува да тече кога ќе почнат врнежите.*ηλεκτρονική εφημερίδα: Γνώμη Κιλκίς, Δευτέρα, 13 Ιανουαρίου 2014, S.O.S. εκπέμπει ο Γαλλικός ποταμός του Κιλκίς, άρθρο του Βασίλη Ιωαννίδη На брегот на Спанч, североисточно од Кукуш се наоѓа манастирот „Св. Нектариј Спанчовски“, наречен по реката.

Теренска обука Високо над Стрезово крај Спанч се терените за обука за теренско возење и специјални испити. Оваа обука подразбира преминување на реката и поминување на бројни специјални крајречни препреки.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Галик Категорија:Кукуш