Стенска тврдина () — средновековна тврдина чии остатоци се наоѓаат над селото Стени, Кожанско, Егејска Македонија.

Местоположба Тврдината е сместена на рид западно од селото. Ридот зафаќа површина од 45 ха

Опис Не е познато кога е изградена тврдината. Наодите укажуваат на постојана населеност на ова место од доцното доцнобронзеното време до скорешни времиња. Пронајдени се бедеми, ѕидови, улици, темели од куќи, цистерни, водовод и други наоди, денес изложени во археолошкиот музеј во Калјани.

Денес овие наоди се помалку видливи за посетителите, но тие биле присутни во XIX век, за што сведочи историчарот Ѓорѓи Димзо од Охрид (1829 - 1903) во своето дело „Античка географија на Македонија“. Веројатно е дека доста камења се однесени од населението за свои потреби, притоа наполно уништувајќи ја тврдината.

Во 1649 г. населението на Стени нашло прибежиште во тврдината при напад на албанска банда, но бандата ја ставила под тримесечна опсада и успеала да ја заземе.

Во 2012 г. наоѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Кожани (општина)