Рошловска античка населба () — археолошко наоѓалиште кај селото Рошлово, Кукушко, Егејска Македонија. Наоѓалиштето е трапезоиден рид на 1 км источно од селото и на 300 м јужно од патот Рошлово – Рајаново. На ридот е откриена тврдина и други остатоци од древномакедонско време.

Местото е прогласено за археолошко наоѓалиште во 1937 г. а во 1986 г. е прогласено за заштитен споменик на културата. Во 1994 г. кон заштитеното подрачје се вклучени и урнатините на откриената ранохристијанска базилика.

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Кукуш (општина)