Хенриете Нанете „Јети“ Парл (холандски: Henriette Nanette "Jetty" Paerl; 27 мај 1921 – 22 август 2013 година) ― холандска пејачка со еврејско потекло и член на холандскиот отпор за време на Втората светска војна. Таа е позната по тоа што била една од холандските претставници на Евровизија 1956 година со песната „De vogels van Holland“ (во превод: Холандските птици), и по тоа што била првиот пејач што некогаш настапил на Евровизија.

Животопис

Ран живот Парл била родена и израсната во Амстердам. По германската инвазија на Холандија во мај 1940 година, таа побегнала во Лондон со нејзините родители и пливачот Вили ден Оден, каде што работела како дизајнер на детска облека во продавница во улицата „Њу Бонд“. Таа, исто така, придонела за емитувањата на Радио Оранје, радио програма создадена од холандската влада во егзил, поради што станала позната како Јетје ван Радио Оранје („Јети од Радио Оранје“) во Холандија. Во програмата, таа изведувала песни - напишани од нејзиниот татко Јозеф Пајрл и компонирани од Луис Дејвидс и Дирк Вите - во кои нацистите и членовите на Националното социјалистичко движење (холандските соработници со нацистите) биле отворено исмејувани.

Кон крајот на војната, Парл станала член на Женскиот помошен корпус (Vrouwen Hulpkorps) на Кралската холандска армија. По ослободувањето на Холандија во мај 1945 година, таа се вратила во својата земја преку Зеланд и била стационирана во Ротердам. Набргу потоа дознала дека и двајцата нејзини постари браќа се уште се живи. Едниот побегнал во Швајцарија, додека другиот останал во Холандија за време на војната.

По војната мини|Парл во 1947 година. Во 1951 година, Парл се омажила со холандскиот илустратор Кес Банцингер. Во 1956 година, таа завршила на второто место на холандскиот Национален фестивал на песната 1956 со песната „De vogels van Holland“, напишана од Ани Марија Хертруида Шмит и компонирана од Кор Лемер. Ова ѝ дало право, со Кори Брокен, да ја претставува Холандија на првото издание на Евровизија. Како првиот изведувач на вечерта, Парл ја испишала историјата како првиот пејач што некогаш настапил на Евровизија.

Во 1985 година, сопругот на Парл открил дека тој бил член на Национално социјалисточкото движење за краток период на почетокот на Втората светска војна, откако новинарот Адријан Венема го соочил со писмата што тој ги испратил до Одделот за јавни информации и уметност. во тоа време. Една недела подоцна, Банцингер извршил самоубиство со давење во вода. Самата Парл почина на 22 август 2013 година во Амстелвен, на 92-годишна возраст.

Дискографија

Продолжени изданија

Jetty Paerl – 1957 година Jetty Paerl 2 – 1957 година

Албуми

Jetje van Radio Oranje – 1970 (ДИ), 1995 (ЦМ)

Разно

Парл се појавила во 18. епизода од британска документарна серија Светот во војна (1973–74).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Починати во 2013 година Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Кадар на Кралската холандска армија во Втората светска војна Категорија:Холанѓанки од 20 век Категорија:Натпреварувачи на Националниот фестивал на песната (Холандија) Категорија:Натпреварувачи на Евровизија 1956 Категорија:Натпреварувачи на Евровизија за Холандија Категорија:Членови на холандскиот отпор Категорија:Холандски Евреи музичари Категорија:Музичари од Амстердам Категорија:Холандски пејачки Категорија:Учесници на Евровизија