Кифличката Мирна — роман за деца на македонската писателка Оливера Ќорвезироска, првобитно издаден во 2017 година. Романот е изборна лектира за трето одделение.

Содржина ''Внимание: Овој дел од статијата обелоденува содржина на книгата.'

Напишана во прво лице, со јас раскажувачот Мирна, бебе кое се обраќа до младиот читател уште пред да биде родено. Преку раскажувањето на малата кифличка (бебе) Мирна читателот се запознава со патот и животот на едно бебе од болницата до животот дома со мама и тато. Оливера Ќорвезироска, Кифличката Мирна, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2020 .

Изданија Во 2017 година, романот е објавен од издавачката куќа „Арс Ламина“, публикации Либи во едицијата: Лектира. Книгата е со димензии од 20 сантиметри и има 88 страници. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски, Скопје со ISBN број 978-608-259-002-8. Изданието содржи и речник на помалку познати зборови и биографија на авторката. Оливера Ќорвезироска, Кифличката Мирна, Скопје, Арс ламина, 2017 Во 2020 година, романот го добива своето второ издание повторно од издавачката куќа „Арс Ламина“, публикации Либи во едицијата: Лектира. Книгата е со димензии од 20 сантиметри и има 120 страници. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски, Скопје со ISBN број 978-608-267-135-2. Изданието на Арс Ламина е препорачано од Здружението за дислексија Ајнштајн и Филозофскиот факултет- Скопје, поради лесната читливост на фонтот и проредот на текстот. Изданието содржи и речник на помалку познати зборови и биографија на авторката и активности за работа на час. Оливера Ќорвезироска, Кифличката Мирна, Скопје, Арс ламина, 2020

Наводи

Поврзано Оливера Ќорвезироска

Категорија:Македонски романи за деца Категорија:Романи кои се одвиваат во Македонија Категорија:Дела на Оливера Ќорвезироска Категорија:Книги од 2017 година Категорија:Појавено во 2017 година во Македонија