Прва Бундеслига (германски: LIQUY MOLY Handball-Bundesliga) — највисока германска професионална ракометна лига. Победникот во натпреварувачката сезона е официјален германски ракометен шампион. Седиштето на лигата се наоѓа во Дортмунд.
Историја Бундеслигата била основана во сезоната 1966/67 и првично функционирала со две секции, северна и јужна. Од 1977 година Бундеслигата фунционира како единствена секција прва дивизија, моментално составена од осумнаесет екипи. Во 1981 година била основана Втората Бундеслига како втора дивизија, заменувајќи ја т.н. Регионална лига која станала трета дивизија.
Сезона Сезоната се состои од 34 натпреварувачки рунди и секоја од екипите игра против секого на домашен и гостински терен. Вообичаено натпреварувачката сезона започнува во август или септември и завршува во мај. Првите две екипи обезбедуваат пласман во ЕХФ Лигата на шампионите следната сезона. Екипите пласирани од третото до шестото место обезбедуваат пласман во ЕХФ Европската лига.
Испаѓање и промоција
До 2011 година, последните две екипи на крајот на сезоната испаѓале во Втората Бундеслига за следната сезона, било во нејзината северна или јужна секција. Шеснаесеттопласираната екипа играла бараж натпревар на домашен и гостински терен против победникот од второпласираните екипи од северната и јужна секција од Втората Бундеслига. Победниците од двете секции во Втората Бундеслига автоматски обезбедувале пласман во Првата Бундеслига. Од сезоната 2017–18, последните две екипи од Првата Бундеслига директни испаѓале во Втората Бундеслига, додека пак првите две екипи од Втората Бундеслига директно добиваат прмоција во Првата Бундеслига.
Екипи Екипи во натпреварувачката сезона 2022–23.
Екипа Град Арена Капацитет Хам-Вестфален Хам Вестпрес арена 2,650 Бергишер ВуперталЗолигенДиселдорф Уни-ХалеКлингенхалеИСС Доме 3,2002,80012,500 Фихсе Берлин Берлин Макс-Шмелинг-Хале 9,000 ТВБ 1898 Штутгарт Штутгарт Шарена ШтутгартПорше-Арена 2,2516,181 Ерланген Нирнберг Арена Нирнберг 8,308 Фленсбург Хандевит Фленсбург Фленс-Арена 6,300 Фриш Ауф Гепинген Гепинген ЕВС арена 5,600 ХСВ Хамбург Хамбург Спортхале ХамбургБарклејкард Арена 5,12613,000 Хановер-Бургдорф Хановер ТУИ аренаСала АВД 9,8504,460 ТХВ Кил Кил Шпаркасен-Арена 10,285 СК Лајпциг Лајпциг Арена Лајпциг 6,327 ТБВ Лемго Лемго Липерландхале 4,790 СК Магдебург Магдебург ГЕТЕК арена 6,600 Мелзунген Мелзунген Ротенбах-Хале 4,300 Минден Минден Кампа-Хале 4,059 Рајн-Некар Левен Манхајм САП арена 13,200 Гумерсбах Гумерсбах Швалбе-Арена 4,132 Вецлар Вецлар Ритал Арена Вецлар 4,421
Прваци Прваци по сезона Целосен список на германски ракометни прваци од 1950 година.
Сезона Првак 1949–50 Полиција Хамбург 1950–51 Полиција Хамбург 1951–52 Полиција Хамбург 1952–53 Полиција Хамбург 1953–54 Фриш Ауф Гепинген 1954–55 Фриш Ауф Гепинген 1955–56 Берлинер 1892 1956–57 ТХВ Кил 1957–58 Фриш Ауф Гепинген 1958–59 Фриш Ауф Гепинген 1959–60 Фриш Ауф Гепинген 1960–61 Фриш Ауф Гепинген 1961–62 ТХВ Кил 1962–63 ТХВ Кил 1963–64 Берлинер 1892 1964–65 Фриш Ауф Гепинген 1965–66 Гумерсбах 1966–67 Гумерсбах 1967–68 СГ Лојтерсхаузен 1968–69 Гумерсбах 1969–70 Фриш Ауф Гепинген 1970–71 Минден 1971–72 Фриш Ауф Гепинген 1972–73 Гумерсбах 1973–74 Гумерсбах Сезона Првак 1974–75 Гумерсбах 1975–76 Гумерсбах 1976–77 Минден 1977–78 Гросвалштат 1978–79 Гросвалштат 1979–80 Гросвалштат 1980–81 Гросвалштат 1981–82 Гумерсбах 1982–83 Гумерсбах 1983–84 Гросвалштат 1984–85 Гумерсбах 1985–86 ТУСЕМ Есен 1986–87 ТУСЕМ Есен 1987–88 Гумерсбах 1988–89 ТУСЕМ Есен 1989–90 Гросвалштат 1990–91 Гумерсбах 1991–92 Валау−Мазенхајм 1992–93 Валау−Мазенхајм 1993–94 ТХВ Кил 1994–95 ТХВ Кил 1995–96 ТХВ Кил 1996–97 ТБВ Лемго 1997–98 ТХВ Кил 1998–99 ТХВ Кил Сезона Првак 1999–20 ТХВ Кил 2000–01 СК Магдебург 2001–02 ТХВ Кил 2002–03 ТБВ Лемго 2003–04 Фленсбург Хандевит 2004–05 ТХВ Кил 2005–06 ТХВ Кил 2006–07 ТХВ Кил 2007–08 ТХВ Кил 2008–09 ТХВ Кил 2009–10 ТХВ Кил 2010–11 ХСВ Хамбург 2011–12 ТХВ Кил 2012–13 ТХВ Кил 2013–14 ТХВ Кил 2014–15 ТХВ Кил 2015–16 Рајн-Некар Левен 2016–17 Рајн-Некар Левен 2017–18 Фленсбург Хандевит 2018–19 Фленсбург Хандевит 2019–20 ТХВ Кил 2020–21 ТХВ Кил 2021–22 СК Магдебург
Титули по екипа Екипа Титули ГодиниТХВ Кил221957, 1962, 1963, 1994, 1995, 1996, 1998, 1999, 2000, 2002, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2020, 2021Гумерсбах121966, 1967, 1969, 1973, 1974, 1975, 1976, 1982, 1983, 1985, 1988, 1991Фриш Ауф Гепинген91954, 1955, 1958, 1959, 1960, 1961, 1965, 1970, 1972Гросвалштат61978, 1979, 1980, 1981, 1984, 1990Полиција Хамбург41950, 1951, 1952, 1953Фленсбург Хандевит32004, 2018, 2019ТУСЕМ Есен31986, 1987, 1989Рајн-Некар Левен22016, 2017ТБВ Лемго21997, 2003Валау−Мазенхајм21992, 1993Минден21971, 1977Берлинер 1892*21956, 1964СК Магдебург22001, 2022ХСВ Хамбург12011СГ Лојтерсхаузен11968
ЕХФ Коефициент Рангирање на европските ракометни лиги Рангирање според ЕХФ за сезоната 2022/23:
1. (1) Прва Бундеслига (145.00) 2. (3) АСОБАЛ лига (121.50) 3. (2) Прва лига на Франција (104.33) 4. (5) Прва лига на Унгарија (94.17) 5. (7) Прва лига на Данска (87.33)
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Официјално мрежно место Статистика за Првата Бундеслига
Бундеслига Категорија:Ракометот во Германија