Ротердамската конвенција (формално, Ротердамска конвенција за постапка за претходно добивање на согласност за одредени опасни хемикалии и пестициди во меѓународниот промет) — мултилатерален договор за промовирање на споделени одговорности во однос на увозот на опасни хемикалии. Конвенцијата промовира отворена размена на информации и ги повикува извозниците на опасни хемикалии да користат соодветно означување, да вклучуваат упатства за безбедно ракување и да ги информираат купувачите за сите познати ограничувања или забрани. Земјите потписнички можат да одлучат дали да дозволат или забранат увоз на хемикалии наведени во договорот, а земјите извознички се обврзани да се погрижат производителите во нивната јурисдикција да се усогласат.
Во 2012 година, Секретаријатите на конвенциите во Базел и Стокхолм, како и УНЕП - дел од Секретаријатот на Ротердамската конвенција, се споиле во единствен Секретаријат со матрична структура која им служи на трите конвенции. Денес трите конвенции ги задржуваат конференциите на страните како дел од нивните заеднички одлуки за синергија.
Деветтиот состанок на Конференцијата во Ротердам се одржала во периодот од 29 април до 10 мај 2019 година во Женева, Швајцарија.
Супстанции опфатени со Конвенцијата
2,4,5-T и неговите соли и естри Алахлор Алдикарб Алдрин Азбест - само актинолит, антофилит, амозит, кроцидолит и тремолит Беномил (одредени формулации) Бинапакрил Каптафол Карбофуран (одредени формулации) Хлордан Хлордимеформ Хлоробензилат ДДТ Диелдрин Динитро-орто-крезол (DNOC) и неговите соли Диносеб и неговите соли и естри 1,2-дибромоетан (EDB) Ендосулфан Етилен дихлорид Етилен оксид Флуороацетамид Хексахлороциклохексан (мешани изомери) Хептахлор Хексахлоробензен Линдан Живи соединенија вклучувајќи неоргански и органометални соединенија на жива Метамидофос (одредени формулации) Метил паратион (одредени формулации) Монокротофос Паратион Пентахлорофенол и неговите соли и естри Фосфамидон (одредени формулации) Полиброминирани бифенили (PBB) Полихлорирани бифенили (PCB) Полихлорирани терфенили (PCT) Тетраетил олово Тетраметил олово Тирам (одредени формулации) Токсафен Соединенија на трибутилтин Трис (2,3-дибромопропил) фосфат (TRIS)
Супстанции предложени за дополнување на Конвенцијата Комитетот за преглед на хемикалии на Ротердамската конвенција одлучил Chemicals recommended for listing in Annex III. да и препорача на седмата конференција на страните кои се состанале во 2015 година да го разгледа списокот на следните хемикалии во Анекс III на конвенцијата:
Хризотил азбест (дискусијата одложена од претходниот состанок на Конференцијата на страните). Фентион (формулации со ултра низок волумен (ULV) на или над 640 g активна состојка/L) Течни формулации (емулгативен концентрат и растворлив концентрат) кои содржат паракват дихлорид на или над 276 g/L, што одговара на паракват јон на или над 200 g/L Трихлорфон
Земји-потписнички мини| Земји Според податоци од октомври 2018 година, конвенцијата е потпишана од 161 земји, која вклучува 158 земји-членки на ОН, Куковите Острови, Државата Палестина и Европската Унија. Земјите кои не се членки ги вклучуваат Соединетите Американски Држави.
Дискусија за хризотил азбест На состанокот на Ротердамската конвенција во 2011 година во Женева, канадската делегација изненадила многумина кога одбила да дозволи додавање на хризотил азбестни влакна во Ротердамската конвенција. Canadian Cancer Society Reacts to Conservative Harper Administration's Position on Chrysotile , 23 June 2011 Canadian Physicians criticize own government Поради тоа, во блиска иднина во ЕУ биле закажани сослушувања за да се оцени позицијата на Канада.
Продолжувајќи со својот приговор, Канада е единствената земја од Г8 што се противи на списокот. Се спротивставиле и Киргистан, Казахстан и Украина. Виетнам, исто така, покренал приговор, но пропуштил на последователниот состанок за ова прашање. Canada Wins 2-year Stay on Potential Ban of Exports of Chrysotile Asbestos to India Заземајќи ја својата позиција, канадската влада се спротивставила на Индија, која го повлекла својот долгогодишен приговор за додавање на хризотил на списокот непосредно пред конференцијата во 2011 година. (Индија подоцна ја сменила оваа позиција во 2013 година.)
Бројни невладини организации јавно изразиле критика за одлуката на Канада да го блокира ова дополнување. International Ban Asbestos Secretariat issues statement critical of Canadian decision
Во септември 2012 година, канадскиот министер за индустрија Кристијан Паради објавил дека канадската влада повеќе нема да се противи на вклучувањето на хризотилот во конвенцијата.
Осум од најголемите земји производители и извозници на хризотил се спротивставиле на таквиот потег на Конференцијата на страните во Ротердам во 2015 година: Русија, Казахстан, Индија, Киргистан, Пакистан, Куба и Зимбабве.
Наводи
Категорија:Списоци за хемија Категорија:Договори на Обединетото Кралство Категорија:Договори на Турција Категорија:Договори на Македонија Категорија:Договори на Шведска Категорија:Договори на Шпанија Категорија:Договори на Србија Категорија:Договори на Русија Категорија:Договори на Романија Категорија:Договори на Португалија Категорија:Договори на Полска Категорија:Договори на Норвешка Категорија:Договори на Холандија Категорија:Договори на Луксембург Категорија:Договори на Јапонија Категорија:Договори на Италија Категорија:Договори на Иран Категорија:Договори на Унгарија Категорија:Договори на Грција Категорија:Договори на Германија Категорија:Договори на Грузија Категорија:Договори на Франција Категорија:Договори на Данска Категорија:Договори на Бугарија Категорија:Договори на Белгија Категорија:Договори на Австрија Категорија:Договори на Ерменија Категорија:Договори на Обединетите нации Категорија:Хемиска безбедност