Скендербег или Скендербег Планина ( или ) ― планински венец во Албанија.
Географија Планината Скендербег се наоѓа на границата помеѓу областа Кроја и онаа на Матија со најголема надморска височина од 1724 м (Езерски Врв). Се протега од долината на реката Матија на север и до Штамскиот Премин на југ, со должина од 22 км и ширина од 2-5 км. Таа е дел од Западните Планини. Релјефот е многу фрагментиран од потоци, притоки на реките Матија и Ишм. Падините се стрмни, додека брановидниот релјеф, места со глацијални и карстни облици. На североисточната страна, на околу 200 m под највисокиот врв, се наоѓаат две мали глацијални езера, кои го дале името на врвот. Планината е обложена со густа вегетација.
Поврзано
Јадранско крајбрежје на Албанија Географија на Албанија Геологија на Албанија
Наводи
Категорија:Планински венци во Албанија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии кои содржат текст на албански јазик