Хенри Хауард Финел (27 октомври 1894 – 7 септември 1960 година) бил агроном и специјалист за ерозија кој бил пионер во методите за борба против ерозијата на почвата за време на песочните бури што ја погодиле Северна Америка во 1930-тите.

Роден е во Оукли, округот Хиндс, Мисисипи, син на Џеси и Џеруша Финел. Кога бил дете, неговото семејство се преселило на Индијанската територија. Дипломирал на земјоделскиот и механички колеџ во Оклахома (OAMC) во 1917 година.

Тој бил надзорник на Истражувачката станица OAMC од 1917 до 1920 година и директор на Експериментската станица Пенхендл A&M од 1923 до 1934 година. Направил серија студии и објавил извештаи во кои се наведени поефикасни методи за искористување на водата во полусушниот јужен регион Големите Рамнини, како што се терасирање и контурно орање. Неговите наоди главно биле игнорирани додека продолжената суша од 1930-тите не довела до песочните олуји. Во 1934 година, федералната служба за ерозија на почвата го основале Проектот за контрола на ерозијата на ветерот Далхарт и го поставиле Финел на чело.

Следната година, бил испратен да раководи со канцеларијата на Регион 6 на Службата за зачувување на почвата (наследник на службата за ерозија на почвата) или во Амарило или во Далхарт, Тексас. Бил одговорен за напорите за зачувување на целиот регион кој бил погоден од песочните бури во 1930-тите. Неговите идеи биле ставени на тест и се покажале исклучително успешни. До мај 1936 година, речиси 40.000 земјоделци ги прифатиле неговите методи, „и 5,5 милиони хектари биле под ново терасовидно и контурирано одгледување. На крајот на 1937 година, и покрај постојаните бури од прашина, количината на опасно еродирана земја била намалена за повеќе од половина.“ Тој останал регионален директор до 1942 година.

Финел продолжил да ја проучува ерозијата на ветерот и користењето на земјиштето за владата до неговото пензионирање во 1959 година. Починал следната година во својот дом во Калифорнија.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Луѓе од Тексас Категорија:Американски агрономи Категорија:Починати во 1960 година Категорија:Родени во 1894 година