Маргарита Пешевска (родена во Прилеп, 1949) — македонска историчарка и универзитетски професор на Катедрата за Историја при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Животопис Основното образование го завршила во Прилеп, а потоа завршила средно гимназиско образование во Скопје. Дипломирала на групата за Историја на Филозофскиот факултет во Скопје. Асистент била од 1973 до 1984 година по Општа историја — најнов век на Инситутот за историја на Филозофскиот факултет. Магистерската дисертација „Француската политика кон Македонија од Берлинскиот конгрес до 1903 година“ ја одбранила во 1979 година. Предавач по Општа историја — најнов век е од 1984 година. Докторската дисертација ја одбранила во 1986 година. Од 1987 година е доцент, од 1992 вонреден професор, а од 1997 година редовен професор. Престојувала повеќе пати во странство (Братислава, Краков и др.) со предавања пред студентите и професорите. Учествувала во последипломските студии, како и во менторството за изработка на магистерски и докторски дисертации. Во два мандата била раководител на Институтот за историја, како и раководител на последипломски студии.

Ја обработувала новата и најновата историја. Учествувала на повеќе научни собири во земјава и во странство, како и во организационите одбори за подготовка на научните собири. Од учеството на симпозиумите можат да бидат издвоени: Меѓународен симпозиум „Битола и Кемал Ататурк“, Бугарско-македонска конференција во Софија „Историјата и образованието“, Меѓународен симпозиум организиран од Унијата на Власите и Институтот за национална историја во 2001 година. Учествувала со реферати на повеќе собири организирани од меѓународната манифестација „Гоцеви денови“. Била член на Претседателството на меѓународната манифестација „Гоцеви денови“, член на Претседателството на Сојузот на Друштвата на историчарите на Македонија и др.

Библиографија Напишала повеќе статии, прилози и публикации од кои се позначајни:

„Француската политика кон Македонија“, Студентски збор, Скопје, 1998; „Меѓународните односи по Втората светска војна“, Менора, Скопје, 1999 „Светот во транзицијата“, Менора, Скопје, 2001.

Надворешни врски Маргарита Пешевска на службената страница на Филозофски факултет - Скопје ()

Категорија:Родени во 1949 година Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски историчари Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје