Бирѓул Огуз (родена 1981 година, Истанбул ) е турска писателка. Студирала компаративна книжевност и културни студии на Универзитетот Билги во Истанбул како и на Универзитетот во Единбург во 2006 година. Во моментов работи на докторат по англиска книжевност на Универзитетот Богазичи, и предава литература на Академијата Мода Сахнеси и Назим Хикмет во Истанбул.

Во зимата 2013 година, била поканета да биде писател во резиденција од Квартиер 21 во Виена.

Таа има објавено две книги белетристика до денес: Што знае Бин (2007) и Хах (2012). Втората ја добила наградата за литература на Европската унија во 2014 година.

Во 2015 година, учествувала во есенската резиденција на Меѓународната програма за пишување на Универзитетот во Ајова во Ајова Сити, Ајова.

Наводи

Надворешни врски https://euprizeliterature.eu/author/birgul-oguz Категорија:Апсолвенти на Универзитетот Богазичи Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Турски писатели