Биофизичката средина е биотско и абиотско опкружување на еден организам или популација, и следствено ги вклучува факторите кои имаат влијание врз неговиот опстанок, развој и еволуција. Биофизичката средина може да варира по размер од микроскопска до средина од глобален размер. Може да се подели и според нејзините атрибути. Примери вклучуваат морската средина, атмосферската средина и копнената средина. Бројот на биофизички средини е огромен, имајќи предвид дека секој жив организам има своја средина.

Терминот животна средина може да се однесува на единствена глобална средина во однос на човештвото, или на локална биофизичка средина.

Интеракција живот-средина Сите видови што преживеале морале да се приспособат на условите на околината. Температурата, светлината, влажноста, хранливите материи во почвата итн., сите влијаат на видовите во околината. Меѓутоа, видот за возврат ги менува неговите услови на различни начини. Некои долгорочни модификации во историјата на планетата биле значајни, како што е инкорпорирањето на кислород во атмосферата. Овој процес се состоеше од разградување на јаглерод диоксид од анаеробни микроорганизми кои го користеа јаглеродот во нивниот метаболизам и го ослободуваа кислородот во атмосферата. Ова доведе до постоење на растителен и животински свет базиран на кислород, големиот настан за оксигенација.

Поврзани студии мини|Екосистемот на јавните паркови често вклучува луѓе кои го хранат дивиот свет. Науката за животната средина ги проучува интеракциите во биофизичката средина. Дел од оваа научна дисциплина го истражува на влијанието на човековата активност врз животната средина.

Екологијата, поддисциплина на биологијата и дел од науките за животната средина, често се смета за поле кои ги проучува влијанијата врз животната средина предизвикани од човекот.

Студиите за животна средина се поширока академска дисциплина која систематско ги проучува интеракциите на луѓето со нивната околина. Тоа е широко поле на студии кое вклучува:

Природна средина Изградени средини Социјални средини

Еколошкото движење е широко општествено и филозофско движење кое, во голем дел, се стреми да го минимизира и компензира негативниот ефект на човековата активност врз биофизичката средина. Прашањата што ги интересираат еколозите обично се однесуваат на природната средина, а поважни се климатските промени, исчезнувањето на видовите, загадувањето и губењето на старите шуми.

Една од релевантните науки вклучува користење на науката за географски информации за проучување на биофизичката средина.Deng, Y. X., and J. P. Wilson. 2006. "The Role of Attribute Selection in GIS Representations of the Biophysical Environment". Annals of the Association of American Geographers 96 (1). [Association of American Geographers, Taylor & Francis, Ltd.]: 47–63. .

Биофизиката е мултидисциплинарна наука која користи системи од физиката за проучување на биолошки феномени. Нејзиниот опсег се движи од молекуларно ниво се до популации разделени со географски граници.

Наводи

Дополнителна литература

Категорија:Екосистеми Категорија:Биолошки поими Категорија:Еколошки поими