Кшиштоф Станислав Гжелчик, (1957 во Кросно Оджањскје) — полски политиколог, политик и дипломат, амбасадор на Република Полска во Северна Македонија (2023–2024).

Дипломирал по политички науки во Вроцлав (1982). Бил војвода на Долна Шлезија (2005–2007), а потоа заменик-директор на Одделот во Институтот за национално сеќавање. Бил генерален конзул на Република Полска во Лондон (2016–2017) и во Торонто (2017–2021). Официјално ја започна мисијата во Скопје на 19 мај 2023 година, предавајќи ги акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски.

Оженет со Јоланта Гжелчик и има две деца.

Наводи

Категорија:Полски амбасадори Категорија:Полски конзули Категорија:Родени во 1957 година