Стартап.ком (Startup.com) е американски документарен филм од 2001 година во режија на Џехане Нуџаим и Крис Хегедус. Д. А. Пенебејкер служел како продуцент на филмот. Филмот го следи стартапот во вид dot-com (Dot-com компанијата) govWorks.com, која собра 60 милиони долари од Hearst Interactive Media, KKR, Њујоршкиот инвестициски фонд и Sapient.

Стартапот не преживеал, но станал референца за лекции кои можат да се научат, бидејќи бил тема на документарен филм од 2001 година кој ги следи основачите на govWorks Калеил Исаза Тузман и Том Херман од 1999 до 2000 година, додека интернет балонот пукал.

Филмот ја имал својата светска премиера на филмскиот фестивал Санденс на 21 јануари 2001 година. Бил објавен на 11 мај 2001 година, од Artisan Entertainment.

Производство Филмот е продуциран од Д. А. Пенебејкер, а режијата е на Крис Хегедус и Џехане Нуџаим. Нуџаим бил соученик на Калеил Тузман од Харвард и почнала да го снима Тузман додека тој ја напуштал работата во Голдман Сакс, за да започне да работи со својот средношколски пријател Том Херман. Нуџаим ги контактирала Хегедус и Пенебејкер за помош во финансирањето на проектот. Филмот бил дистрибуиран од Artisan Entertainment (кој подоцна бил купен од Lions Gate Entertainment).

Филмот бил снимен во дигитално видео. Филмаџиите снимиле повеќе од две години и монтирале повеќе од 400 часа видео и филм до нивната премиера на филмскиот фестивал Санденс во почетокот на 2001 година. Тие ги ремонтирале последните неколку минути од филмот непосредно пред неговото кино прикажување во мај 2001 година.

Од објавувањето на филмот, Херман и Тузман повторно работеле заедно во Recognition Group и JumpTV.

Прием

Критички одговор Startup.com добил позитивни критики од филмските критичари. На Rotten Tomatoes има 93% одобрување, врз основа на 94 прегледи, со просечна оцена од 7,55/10. Критичкиот консензус на страницата гласи: „Startup.com е повеќе од само поглед на подемот и падот на новата економија. Во неговиот центар е пријателството кое се тестира до крај, и тоа е она што го прави вреден да се гледа.“ На Metacritic, филмот има оценка 75 од 100, врз основа на критиките од 32 критичари, што укажува на „генерално поволни критики“.

Дејвид Руни од Variety го нарече „навремен, актуелен филм, кој оди подалеку од неговата потенцијално сува исхрана на факти за да ја вклучи сочната човечка драма на макијавелистички манипулации, амбиции, растргнати лојалности и уништувачко предавство“.

Поврзано

е-Соништа Стартап компанија Капитал

Наводи

Надворешни врски

Официјалниот вебсајт на Калеил

Категорија:Американски документарни филмови Категорија:Филмови од 2001 година