Ежен Мире (француски: Eugène Murer) ― слика со масло на платно на францускиот уметник Пјер Огист Реноар создадена во 1877 година. Таа е портрет на слаткарот, уметникот, писателот, собирачот и спонзор Ијасант Ежен Менје (1841–1906), популарно познат како Ежен Мире. Таа била купена од Ликовниот музеј Метрополитен во 2002 година.Bailey, Colin B. (2009). "Eugène Murer (Hyacinthe-Eugène Meunier, 1841–1906)". In Stein, Susan Alyson; Miller, Asher Ethan (eds.). The Annenberg Collection: Masterpieces of Impressionism and Post-Impressionism. Metropolitan Museum of Art. pp. 108–114. . Овој портрет на Ежен е една од четирите слики на семејството Мире од Реноар, вклучително и две од полусестрата на Ежен Мари (Портрет на Госпоѓица Мари Мире) и една од неговиот син Пол (Портрет на Пол Менје). Мире бил еден од најголемите поддржувачи на импресионистите во 1870-тите, но плаќал ниски цени за нивните дела. Се проценува дека Реноар добивал 100 франци за секој портрет што бил купуван од Мире.Lucy, Martha. John House (2012). Renoir in the Barnes Foundation. Yale University Press. pp. 92-93, 283. . .

Поврзано Список на слики од Пјер Огист Реноар

Наводи

Надворешни врски Опис во Ликовниот музеј Метрополитен.

Категорија:Портрети од Пјер Огист Реноар Категорија:Слики во збирката на Музејот Метрополитен Категорија:Слики од 1877 година