Вилијам Ласел (; – ) — англиски трговец и астроном.AN 98(1881) 108 Запомнет е како усовршувач на рефлекторскиот телескоп и откривач на четири месечини.

Живот Ласел е роден во 1799 г. во Болтон, Ланкашир. Почетното образование го стекнал во родниот град, а потоа на Академијата во Рочдејл. По смртта на татко му, од 1814 до 1821 г. чиракувал кај трговец во Ливерлуп. Потоа почнал да се занимава со пиварство, од кое стекнал значајно богатство, што му овозможило да се занимава со астрономија. Изградил опсерваторија во неговата куќа во Западен Дарби, Ливерпул. Таму поставил рефлекторски телескоп со метално огледало со отвор 610 мм, и прв почнал да користи екваторски држач за лесно следење на телата додека се врти Земјата. Огледалото самиот го брусел и мазнел, користејќи се со самоделна опрема. Во 1854 г. ја префрлил опсерваторијата во Бредстоун.

Во 1846 г. користејќи самоделен инструмент Ласел го открил Тритон, најголемата месечина на Нептун, само 17 дена по откривањето на самата планета од германскиот астроном Јохан Готфрид Гале. Во 1848 г. независно ја открил Сатурновата месечина Хиперион. Во 1851 г. ги открил и Урановите месечини Ариел и Умбриел.

Во 1855 г. изработил 1,2-метарски телескоп и го поставил на Малта како место со подобра видливост од облачната Англија. На Малта провел неколку години, па се вратил во Англија и се преселил во Мејденхед каде работел со 610-милиметарски телескоп во тамошната опсерваторија. Големиот телескоп на Малта бил расклопен и расходуван. Во 1880-тите, 610-милиметарскиот телескоп е префрлен во Гриничката опсерваторија, но потоа бил расклопен.

Ласел членувал во Кралското астрономско друштво од 1839 г. Во 1849 г. го освоил Златниот медал на друштвото и од 1870 г. две години бил негов претседател. Во 1849 г бил избран за член на Кралското друштво. Во 1858 г. го добил неговиот Кралски медал. Членувал и во Кралското книжевно друштво.On a Method of Supporting a large Speculum, free from sensible Flexure, in all Positions — Google Books Бил избран за почесен член на Кралското друштво на Единбург и Научното друштво во Упсала, а примил и почесен докторат по правни науки од Кембричкиот универзитет in 1874.Former Fellows of the Royal Society of Edinburgh 1783–2002 — Royal Society of Edinburgh

Ласел починал во Мејденхед во 1880 г., и погребан во црквата „Св. Лука“.History Trail (St. Luke's Chuch) На смртната постела оставил богатство од 80.000 фунти (околу 8.500.000 фунти во 2021 г.). Неговиот телескоп е предаден на Гриничката опсерваторија.

Во негова чест се наречени кратерот Ласел на Месечината, истоимениот кратер на Марс, астероидот 2636 Ласел и прстен на Нептун. Ливерпулскиот универзитет секоја година ја доделува наградата „Вилијам Ласел“ за најуспешниот студент по физика со астрономија.

Наводи

Надворешни врски

Биографија на Ласел и други теми Кратка биографија и слики Биографија и технички податоци за телескопите

Категорија:Британски астрономи Категорија:Откривачи на месечини Категорија:Нептун Категорија:Уран Категорија:Сатурн Категорија:Носители на Златниот медал од Кралското астрономско друштво Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Носители на Кралскиот медал Категорија:Претседатели на Кралското астрономско друштво Категорија:Членови на Кралското книжевно друштво Категорија:Членови на Кралското научно друштво во Упсала Категорија:Луѓе од Болтон