Јован Александар (; оригинален правопис: ІѠАНЪ АЛЄѮАНдРЪ),As spelled in the Zograf and Orjahov Charters. бил цар на Бугарија од 1331 до 1371,Lalkov, Rulers of Bulgaria, pp. 42–43. за време на Второто Бугарско Царство. Датумот на неговото раѓање не е познат. Починал на 17 февруари 1371. Долгото владеење на Јован Александар се смета за преоден период во бугарската средновековна историја. Јован Александар го започнал своето владеење со справување со внатрешните проблеми и надворешните закани од соседите, Византиската империја и Србија, како и со водење на неговото царство во период на економско закрепнување и кулурна и верска преродба.Bǎlgarite i Bǎlgarija, 2.1

Сепак, царот подоцна не можел да се справи со зголемените упади од страна на Османлиите, унгарските инвазии од северозапад и Црната чума. Во несреќниот обид да се избори со овие проблеми, тој го поделил царството на неговите двајца синови,Delev, Istorija i civilizacija za 11. klas со што ослабено и поделено го принудил да се соочи со претстојното османлиско освојување.

Војната со Византија лево|мини|Бугарија во времето на Јован АлександарЕден од најзначајните успеси во почетокот на владеењето на Јован Александар била војната со Византиското Царство. Во 1332 година византискиот цар Андроник III Палеолог навлегол во Тракија и зазел неколку погранични тврдини. Јован Александар собрал војска и му се спротивставил кај Русокастро, каде што извојувал значајна победа. По битката бил склучен мировен договор, зацврстен со бракот меѓу неговиот син Михаил Асен IV и византиската принцеза Марија (Ирина). Победата кај Русокастро во историографијата најчесто се смета за последната голема воена победа на Второто Бугарско Царство.

Наводи

Категорија:Бугарски монарси Категорија:Починати во 1371 година