мини|250п|Реконструкција на изворната фасада на Фирентинската катедрала осмислена од Арнолфо ди Камбио.
Арнолфо ди Камбио (; – 1300/1310) — италијански архитект и вајар. Ја проектирал Фирентинската катедрала, нејзините украси и шестиот градски ѕид на Фиренца (1284–1333), а во вајарството се истакнал со споменици на кардинали и папи.
Животопис Арнолфо е роден во Коле Вал д'Елса, Тоскана.
Работел како главен помошник на Никола Пизано во изработката на проповедница на Сиенската катедрала (1265–1268), но набргу почнал со самостојна работа на важни скулптури во гробници. Во 1266–1267 г. работел во Рим за кралот Карло I Анжујски, и го извајал во познатата статуа сместена во Кампидољо. Околу 1282 г. го завршил споменикот на кардиналот Гијом де Бре во црквата „Св. Доминик“ во Орвјето, вклучувајќи устоличена Богородица (Маеста) која ја работел по урнек на статуа на римската божица Абунданција; тијарата на Богородица и скапоцените камења на неа ја подражаваат онаа на божицата.Roberto Weiss, The Renaissance Discovery of Classical Antiquity (Oxford: Blackwell) 1973:14 note 2. Во Рим Арнолфо имал прилика да ја проучи козматската уметност, и нејзиното влијание е забележливо во интарзијата и разнобојните стаклени украси во базиликата „Св. Павле надвор од ѕидините“ и црквата „Св. Кикилија во Трастевере“, каде работел во 1285 и 1293 г. Во овој период работел и на божиќните јасли на базиликата „Голема Богородица“ (Санта Марија Маџоре), на црквата „Пресв. Богородица на Небесниот жртвеник“ (Арачели), на споменикот на папата Бонифациј VIII (1300) и бронзената статуа на апостол Петар во базиликата „Св. Петар“ во Рим.
Во 1294–1295 г. работел во Фиренца, претежно како архитект. Според биографот Џорџо Вазари, тој бил главен мајстор на градската катедрала, за која изработил разни статуи кои некогаш го краселе долниот дел на фасадата, но бил уништен во 1589 г. Преостанатите статуи денес се изложени во Музејот на делата на Катедралата. Му се припишува и Базиликата на Светиот Крст (Санта Кроче), но ова тврдење е многу оспорено. Вазари му го припишува и урбанистичкиот план на новиот град Сан џовани Валдарно.
Монументалниот карактер на делата на Арнолфионо оставиле траен белег врз изгледот на Фиренца. Неговите погребални споменици станале пример за готрската погребална уметност.
Џорџо Вазари ја обработил неговата биографија во делото „Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти“.
Данте Алигиери го почестил Арнолфо, споменувајќи ја Битката кај Коле Вал д'Елса (1269) двапати во книгата „Чистилиштето“. Данте се запознал со архитектот додека работел на Фирентинската катедрала, а подоцна и кога Данте служел како приор (црковен настојник) на градот во 1300 г.
Избрани дела Архитектура Фирентинска катедрала („Богородица Цветна“, 1296). Ликовното решение на Арнолфо било проширено и довршено од други архитекти во XVI и XV век. Палацо Векио во Фиренца, 1299 г.
Вајарство Апостол Петар устоличен во базиликата „Св. Петар“ — статуа често припишувана на Арнолфо. Споменик на папата Адријан V (1276, припишан) – базилика „Св. Франциск“, Витербо Споменик на кардиналот Рикардо Анибалди(1276) — базилика „Св. Јован Латерански“, Rome Статуа на Карло I Анжујски (1277) — Кампидољо, Рим Фонтана на жедните (Мала фонтана) – Перуџа Гробница на кардиналот Гијом де Бре () – Сан Доменико, Орвјето Споменик на папата Бонифациј VIII — Музеј на делата на Катедралата во Фиренца
Галерија
Наводи
Извори
Надворешни врски
Арнолфо ди Камбио во „Историја на уметноста“ Арнолфо ди Камбио — Енцклопедија Британика Арнолфо ди Камбио — Голема руска енциклопедија
Категорија:Италијански архитекти Категорија:Италијански вајари Категорија:Готски архитекти Категорија:Готски вајари Категорија:Родени во 1240 година Категорија:Починати во 14 век