Масакр во Неврокоп — злосторство извршено на 17 септември 1922 година од страна на четници на Тодор Александров заедно со бугарската војска, врз Македонци од Неврокоп, Пиринска Македонија.
На 17 септември 1922 година, една банда организирана од Тодор Александров и Александар Протогеров навлегла во градот Неврокоп и ликвидирала 17 луѓе и едно 14-годишно дете по име Димитар Боргов. Нападот бил извршен со помош и содејство од бугарската војска, која била неразделен дел со луѓето на Александров.
Овој масакр е извршен бидејќи во Неврокоп се создал отпор против обновување на организација која ќе ја предводат царските слуги Тодор Александров и Александар Протогеров.
Истиот ден дел од овие четници ги ликвидирала и браќата Карајанови, кои одбиле да влезат во нивната организација.
Наводи
Категорија:Убиени по наредба на Тодор Александров В В