мини| Баба и нејзиното внуче. Стареење ― кога човекот влегува во неговите подоцнежни години. Поимот главно се однесува на луѓето, многу други животни и габи, додека на пример, бактериите, повеќегодишните растенија и некои едноставни животни се можно биолошки бесмртни. Во поширока смисла, стареењето може да се однесува на единечни клетки во еден организам што престанале да се делат, или на населението на еден вид.

Кај луѓето, стареењето претставува насобирање на промени во човекот со текот на времето и може да опфати физички, психолошки и општествени промени. Времето на дејство, на пример, може да се забави со возраста, додека сеќавањата и општото знаење обично се зголемуваат. Стареењето го зголемува ризикот од човечки болести како што се рак, Алцхајмерова болест, шеќерна болест, срцеви болести, мозочен удар и многу повеќе. Од околу 150.000 луѓе што умираат секој ден ширум светот, околу две третини умираат од причини поврзани со возраста.

Тековните теории за стареење се припишуваат на замислата на оштетување, при што насобирањето на штета (како што е оксидацијата на ДНК) може да предизвика откажување на биолошките системи, или на замислата на програмираното стареење, при што внатрешните процеси (епигенетско одржување, како што е метилацијата на ДНК) инхерентно може да предизвика стареење. Програмираното стареење не треба да се меша со програмираната клеточна смрт (апоптоза).

Дебелината е предложена за забрзување на стареењето, додека ограничувањето на калориите во исхраната кај животните кои не се примати го забавува стареењето додека одржува добро здравје и функции на телото. Кај приматите (вклучувајќи ги и луѓето), таквите дејства што го продолжуваат животот остануваат неизвесни.

Знаци мини|Зголемените уши и носови на старите луѓе понекогаш се причина од постојаниот раст на 'рскавицата, но најверојатно е предизвикано од гравитацијата. мини|Возрасната динамика на телесната маса (1, 2) и масата нормализирана на висина (3, 4) на мажи (1, 3) и жени (2, 4) мини| Споредба на нормален стар мозок (лево) и мозок погоден од Алцхајмерова болест Голем број карактеристични симптоми на стареење се доживуваат кај мнозинството или кај значителен дел од луѓето во текот на нивниот живот.

Тинејџерите ја губат способноста да слушаат звуци со висока честота над 20 kHz. Брчките се развиваат главно поради фотостареењето, особено на местата изложени на сонце (лицето). По достигнувањето на врвот од доцните тинејџерски години до доцните 20-ти, женската плодност опаѓа. По 30-тата година, масата на човечкото тело се намалува до 70 години, а потоа покажува амортизирачки осцилации. Луѓето над 35 години се изложени на зголемен ризик за губење на силата во цилијарниот мускул на очите што доведува до тешкотии со сосредоточување на блиски предмети или презбиопија. Повеќето луѓе доживуваат презбиопија на возраст од 45 до 50 години. Причината е стврднувањето на леќите со намалување на нивото на алфа-кристалин, постапка што може да биде забрзана со повисоки температури. Околу 50 години, косата станува седа. Моделот на губење на косата до 50-годишна возраст влијае на околу 30-50 % од мажите и четвртина од жените. Менопаузата обично се јавува помеѓу 44 и 58 години. Во групата на возраст од 60 до 64 години, инциденцата на остеоартритис се зголемува на 53 %. Сепак, само 20 % пријавуваат остеоартритис на оваа возраст. Речиси половина од луѓето постари од 75 години имаат губење на слухот (пресбикуза) што го попречува говорното општење. Многу ’рбетници, како што се рибите, птиците и водоземците, не развиваат пресбикуза во староста бидејќи се способни да ги обноват своите кохлеарни сетилни клетки, додека цицачите, вклучително и луѓето, генетски ја изгубиле оваа способност. До 80-годишна возраст, голем дел од луѓето имаат перде или имале операција на перде.

Општество и култура десно|мини|Старец. Различни култури ја изразуваат возраста на различни начини. Возраста на еден човек најчесто се пресметува во цели години од денот на раѓањето (најзабележителниот исклучок источноазиското пресметување на возраста станува се поретко, особено во службени контексти). Произволните поделби поставени за означување на периоди од животот може да вклучуваат малолетнички (од раѓање до детство, предадолесценција и адолесценција), младост, зрелост и старост.

Повеќето правни системи дефинираат одредена возраст за кога на поединецот му е дозволено или обврзано да врши одредени активности. Овие старосни спецификации вклучуваат возраст за гласање, возраст за пиење, возраст за согласност, возраст за полнолетство, возраст за кривична одговорност, возраст за брак, возраст за кандидатура и возраст за задолжителна пензија. Пример цената за автобус може да биде намалена за млади или стари. Секоја нација, влада и невладина организација имаат различни начини на класификација на возраста. Со други зборови, хронолошкото стареење може да се разликува од „општественото стареење“ (културни старосни очекувања за тоа како луѓето треба да постапуваат додека растат) и „биолошко стареење“ (физичката состојба на организмот како што старее).Phillips, Judith, Kristine Ajrouch, and Sarah Hillcoat-Nallétamby (2010) Key Concepts in Social Gerontology. SAGE Publications. . стр. 12–13.

Економија мини|400x400пкс| Карта што ги прикажува бројките на средната возраст за 2017 година. Стареењето на населението е зголемување на бројот и процентот на постари луѓе во општеството. Стареењето на населението има три можни причини: преселба, подолг животен век (намалена стапка на смртност) и намален наталитет. Стареењето има значително влијание врз општеството. Младите луѓе имаат тежнеење да имаат помалку правни привилегии (ако се малолетни), тие се со поголема веројатност да се залагаат за политички и општествени промени, да развиваат и усвојуваат нови технологии и да им треба образование. Постарите луѓе имаат различни барања од општеството и владата, а често имаат и различни вредности, како што се имотните и пензиските права.

Самовоспримање Стандардите за убавина се развиле со текот на времето, а како што се зголемиле научните истражувања во козметиката, индустријата исто така се проширила; видовите производи што ги произведуваат (како што се серуми и креми) постепено се здобиле со популарност и станале дел од навиките за лична нега на многу луѓе. Козметичката индустрија во мигов е најбрзо растечката индустрија за убавина, со пазарна големина од 49,5 милијарди долари за 2018 година.

Културолошки споменувања Старогрчкиот драматург Еврипид (V век п.н.е.) го опишал повеќеглавото митолошко чудовиште Хидра како со регенеративен капацитет што ја прави бесмртна, што е историска позадина на името на биолошкиот род Хидра. Книгата на Јов (околу VI век п.н.е.) го опишала човечкиот животен век како инхерентно ограничен и направила споредба со вродената бесмртност што може да ја има исеченото дрво кога се подложува на вегетативна обнова.Job 14:5–7 A man's days are numbered. You know the number of his months. He cannot live longer than the time You have set. So now look away from him that he may rest, until he has lived the time set for him like a man paid to work. For there is hope for a tree, when it is cut down, that it will grow again, and that its branches will not stop growing

Поврзано

Стареење на мозокот Контрола на движењето при стареењето Стареењето во Европа Студии на стареењето Движење против стареењето Биодемографија на долговечноста на човекот Биогеронтологија Биолошка бесмртонст Биомаркери на стареење Клиничка геропсихологија Смрт Теорија на оштетување на ДНК за стареење Епигенетски часовник Еволуција на стареењето Генетика на стареењето Геротехнологија Геронтологија Гераскофобија Список на теми поврзани со продолжување на животот Долговечноста Митохондријална теорија на стареење Невронаука за стареење Старост Честички Загадувач Стареење на населението Прогерија Подмладување Теорија на стареење на матични клетки Суперстогодишник Терморегулација кај луѓето Прекугенерациски дизајн

Наводи

Категорија:Старост Категорија:Геронтологија Категорија:Стареење