Мултипла системска атрофија (МСА) е ретко невродегенеративно нарушување кое се карактеризира со автономна дисфункција, тремори, бавно движење, мускулна ригидност, и постурална нестабилност (познати со заедничко име, паркинсонизам) и атаксија. Ова е предизвикано од прогресивна дегенерација на невроните во одредени делови на мозокот, како што се базалните ганглии и малиот мозок.

Многу од луѓето со МСА имаат дисфункција на автономниот нервен систем, која се манифестира со ортостатска хипотензија, импотенција, престанок на потење, сува уста и уринарна ретенција и инконтиненција. Парализа на гласните жици е значајна и понекогаш иницијална клиничка манифестација на нарушувањето.

Модифицирана форма на протеинот алфа-синуклеин во зафатените неврони може да предизвика МСА. Околу 55% од случаите се јавуваат кај мажи, а првите симптоми обично се јавуваат на 50–60 години. Симптомите на МСА често се слични со оние на Паркинсонова болест.

Наводи

Категорија:Невродегенеративни болести