Симеон Силјановски (, –) — македонски сликар.
Животопис Роден e во Битола во 1942 година. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Белград, отсек сликарство.
Бил средношколски, а после и универзитетски професор. Има поставувано самостојни изложби на ликовни дела во Битола (повеќепати), во Скопје, Охрид, Куманово, Штип и др. македонски градови, како и во Белград, Зрењанин, Загреб, Сараево, Брисел, Париз, Стокхолм, Чикаго, Аспен, Денвер, Вел, Магдебург. Негови ликовни креации се работени во повеќе стилско-ликовни ориентации: од импресионизам, метафизичка димензија, кубизам, експресионизам до комбинација на апстрактни и кубистички облици. Покрај техниките: пастел, масло, графика, акварел и комбинирана техника, тој работи и мозаици кои се наоѓаат во јавни објекти во Битола и Скопје. Добитник е на повеќе награди и јавни признанија. Негови дела се наоѓаат во голем број македонски и светски галерии. Застапен е во повеќе анталогиски прикази на светското сликарство.
Наводи
Категорија:Македонски сликари Категорија:Југословенски сликари