Вија Остиензис (латински: Via Ostiensis, во превод: Остиски пат; , виа остиензе) ― важен римски пат во Стариот Рим. Водел на запад 30 км од градот Рим до неговото важно поморско пристаниште Остиа Антика, од кое го добило името. Патот започнувал во близина на Форум Боариум, минувал помеѓу ридот Авентин и реката Тибар по нејзиниот лев (источен) брег и ги напуштал градските Сервиски ѕидини преку Портата Тригемина. Кога биле изградени подоцнежните Аврелијановите ѕидини, патот го напуштал градот преку Остиската Порта (Porta Ostiensis) ( Порта Свети Павле). Во доцноантичката Римска Империја, трговијата претрпела економска криза, а Остија опаднала како важно пристаниште. Со придружниот раст на важноста на Вија Портуензис од времето на Константин наваму, онаа на Виа Остиенсис соодветно се намали. Денешниот пат Вија Остиензе (Via Ostiense), по слична патека, е главната врска на Рим со Остија (еден од квартовите на Рим во моментов) заедно со Виjа дел Маре. На пат кон Остија, патот минува покрај важната базилика Свети Павле надвор од ѕидините.
Римски мостови По должината на патот има остатоци од најмалку еден римски мост, кој е Мостот кај Тор ди Вале (италијански: Ponte presso Tor di Valle).
Поврзано
Римски пат Римски мост Римско инженерство Остјенсе
Надворешни врски
LacusCurtius - Via Ostiensis
Категорија:Улици во Рим Категорија:Кварт XXXIV Лидо ди Остија Леванте Категорија:Кварт X Остјенсе Категорија:Кварт XXXII Еуропа Категорија:Остија (Рим) Категорија:Римски патишта во Италија Категорија:Римски патишта