Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур“ (Прв баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ) — воена единицица на НОВ и ПОМ. Бил формиран на планината Кајмакчалан односно Ниџе на 24.IX.1943 од 126 борци на НОПО „Добри Даскалов“, НОПО „Сава Михајлов“ и главнината на Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“.
Заклетва на баталјонот При образувањето на баталјонот на 24 септември 1943 година на Кајмакчалан, борците ја дале следната заклетва:
Акции на баталјонот мини|лево|Формирање на батаљонот „Страшо Пинџур“ |301x301пкс Во нападот на рудникот Дудица на планината Кожуф на 2 октомври 1943 биле убиени 10 непријателски војници, а на баталјонот му се приклучиле 80 рудари. Во нападот на бугарската гранична посада во Лукар, јужно од с.Конопиште на планината Кожуф, извршен на 19.Х. биле заробени 30 бугарски војници и еден подофицер, а во нападот на германската посада на железничкиот мост кај с.Острово во Леринско на 26.Х. биле убиени 2 Германци и заробени 7 Мароканци. Поради бројното зголемување, од издвоени 113 борци на 30.Х. бил формиран Вториот баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ.
Во нападот на селото Радња Демиркаписко на 8 ноември 1943 биле заробени 12 контрачетници на одредот „Цар Калојан“, а на 12.XI. при влегувањето во турските села Вешје и Бесвица на борците од баталјонот им се приклучиле неколку Турци. Во средината на ноември, кај селата Радња и Бохула баталјонот водел борба со бугарска колона при што загинале 5 партизани и 14 бугарски војници. Во селото Бегниште на 18.XI. била запалена општинската зграда, а во нападот на касарната во гевгелиското село Конско и две гранични караули на планината Кожуф биле заробени околу 60 бугарски војници. Во повеќе села формирал НОО. Баталјонот бил расформиран на 20.XII.1943 во селото Фуштани во Меглен, Егејска Македонија каде влегол во составот на Втората македонска НОУ бригада. Наводи
Категорија:Баталјони на НОВМ