Винка Саздова (, ) — македонска писателка и основач на Издавачкиот центар ТРИ во Скопје.

Животопис Винка Саздова е родена на 10 август 1956 година во Стрезовце, Македонија . На Филозофскиот факултет во Скопје дипломирала на отсекот Психологија. Била вработена како новинарка во редакцијата за култура на дневниот весник „Вечер“, уредничка за култура на весникот „Република“. Потоа работела како соработник во издавачката куќа „Култура“, како директор и главен уредник на издавачката куќа „Зумпрес“. Таа го основала „Издавачкиот центар Три“ во 1999 година и била негов главен уредник десет години.

Творештво Со книжевност почнала да се занимава од 2009 година. Ги објавила романите (Последниот чај, 2009), Полиња со диви нарциси, 2011, Понекогаш доаѓа среќа, 2013, Луна, 2015 и Вилино, 2019. Двапати била прогласена за најчитана авторка: во 2012 година од НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје. Моментално живее и работи во Скопје и Охрид. Нејзините дела се преведени на српски, хрватски и бугарски.

Приватен живот Винка Саздова е во брак со Славко повеќе од четири децении и со него има три сина, Александар, Бојан и Љубомир.

Библиографија

Романи Последниот чај, 2009 Полиња со диви нарциси, 2011 Понекогаш доаѓа среќа, 2013 Луна, 2015 Вилино, 2019

Книги за деца Ти носам пустински песок 2021

Награди Винка Саздова двапати била прогласена за најчитана авторка, во 2012 и во 2014 година.

Наводи

Надворешни врски Автори ТРИ - ВИНКА САЗДОВА Винка Саздова Со кликнување на линкот - ќе го слушнете првиот дел од интервјуто со Винка Саздова. Автор и водител: Милчо Јованоски Со кликнување на линкот - ќе го слушнете вториот дел од интервјуто со Винка Саздова. Автор и водител: Милчо Јованоски Винка Саздова Винка Саздова - Фејсбук

Категорија:Македонски писатели