Човекот со четири часовници - расказ на македонски писател Александар Прокопиев објавен во 2003 година во издание на „Магор“.
За книгата Збирката раскази Човекот со четири часовници ги кондензира најдобрите аспекти од прозата на Александар Прокопиев: лежерен и ненаметлив раскажувачки стил, умешност за забележување на деталите и нивна симболичка трансформација, страсна вљубеност во раскажувањето приказни. Низ книгата дефилираат мноштво ликови кои освојуваат со својата непосредност и едноставност. Тие колку и навидум да изгледаат секојдневни, секогаш имаат во себе една заедничка нишка: светот го перципираат на малку „одлепен“ начин. Авторот со номадски шарм патува низ различните опсесии на современиот човек, не плашејќи се да биде и автореференцијален и автоироничен, пишувајќи раскази кои на моменти се доближуваат и до есејот, колумната или документарното. Но, сето тоа го прави со писателска вештина со која мешањето на жанровите изгледа толку природно. Александар Прокопиев, човекот-играч во македонската литература, со оваа книга уште еднаш покажува дека најголемиот витамин за книжевноста е самиот живот, кој кога ќе се сфати како игра се претвора во уметност.
Наводи
Надворешни врски Човекот со четири часовници
Категорија:Македонска книжевност Категорија:Книги од 2003 година