Голата махамахо (majo) (м. р.) или маха (maja) (ж. р.), исто така, маноло и манола, по името Мануел, биле имиња за луѓе од пониската класа на шпанското општество, особено во Мадрид, кои се издвојувале по својата раскошна облека и чувство за стил, а особено по своето дрско однесување. (шпански: La maja desnuda Името ѝ било дадено подоцна бидејќи Гоја немал обичај да ги именува своите слики.) — една од најпознатите слики на Франсиско Гоја. Не се знае точно кога Гоја ја насликал сликата, но повеќето проценки ја датираат помеѓу 1797 и 1800 година, иако некои ја датираат уште во 1792 година. Во секој случај, тоа е „првиот потполно профан женски акт во природна големина во западната уметност“, без претензии за алегориско или митолошко значење.Fred Licht, Goya: The Origins of the Modern Temper in Art, Universe Books, 1979., str. 83.

Историја 300px|мини|лево|<center>Облечена маха, 1800 – 1805, масло на платно, Прадо, Мадрид мини|<center>Махите изложени една покрај друга во музејот Прадо. Првиот регистриран сопственик на сликата бил тогашниот премиер на Шпанија, Мануел де Годој и Алварез де Фари, што довело до шпекулации дека жената на сликата би можела да биде неговата љубовница, Пепита Тудо од Кастиљо Фиела. Но, други мислат дека тоа е војвотката од Алба, со која се верува дека Гоја имал афера. Ниту една теорија не е потврдена, а поверојатно е дека сликата претставува идеализиран состав од две убавици.Gola maja na službenim stranicama muzeja Prado, Madrid Pristupljeno 8. lipnja 2016. Гоја подоцна насликал сосема идентично дело наречено La maja vestida, т.е. „Облечена маха“, која е речиси идентична копија на сликата „Гола маха“. Сликите се разликуваат само по тоа што на едната жената е гола, а другата облечена, како што велат имињата на сликите. „Облечената маха“ се чува исто така во музејот Прадо и се наоѓа веднаш до „Голата маха“. Сликите никогаш не биле јавно изложени за време на животот на Гоја и биле во сопственост на семејството Годој до 1808 година, кога целиот имот на семејството Годој бил конфискуван од страна на кралот Фердинанд VII по падот од власт и прогонот, а во 1813 година шпанската инквизиција ги конфискувала двете дела како „непристојни“, а ѝ ги вратила на Академијата за ликовни уметности Сан Фернандо во Мадрид дури во 1836 година. Во 1815 година, Гоја бил изведен пред шпанската инквизиција, која ја сметала сликата за неморална, и тие се обиделе да откријат кој му нарачал на сликарот да направи гола слика. Резултатот од нивното истражување е непознат. Сликата е купена од Музејот Прадо во Мадрид во 1910 година и таму е до ден-денес.

Одлики Како што сугерира нејзиното име, предмет на сликата е гола жена која, како Венера, римската божица на убавината и плодноста, ја осветлува темната средина со своето тело. Нејзиното таинствено лице и положба на телото само уште повеќе потврдуваат дека се работи за вистински пример за женска убавина во целосна смисла на зборот. Елеганцијата, опуштеноста и заводливиот изглед се преовладувачки компоненти на нејзиното тело, додека облините се ставени во втор план. Таа не прикажува никаква класична убавина, не подражава некоја божица или митолошко суштество, туку е приказ на обична гола жена што лежи на шезлонг. Прикажана е реално, како заводливо лежи на шезлонгот. Рацете ѝ се подигнати зад главата, има блага насмевка, а образите ѝ се забележително црвене, блескави, розови. Нејзиното тело се наведнува кон гледачот. Сликата е малку невообичаена со тоа што се прикажани срамни влакна. Во повеќето западни класични слики до тоа време, срамните влакна не биле прикажувани. Целиот светлосен фокус на сликата, силната светлина, е на голотијата на жената и на површината на каучот, што ја покажува важноста на субјектот на сликата. Позадината на сликата е претежно темна и не покажува други предмети освен ѕидот, па е во целосен контраст со жената. Може да се каже дека оваа слика е пресвртница во шпанската уметност, бидејќи врз основа на неа се создадени многу портрети на целосно голи тела. Благодарение на проширувањето на сликарските перспективи и мотиви на Гоја, сликарите почнале да се спротивставуваат на наметнатите догми на тогашната власт.

Наводи

Надворешни врски Гола маха на totallyhistory.com Гола маха на artehistoria.com

Категорија:Уметнички слики од 1790-тите Категорија:Слики на Франсиско Гоја Категорија:Слики во музејот Прадо