„Тито и јас“ (српски: Тито и ја) — филм на режисерот Горан Марковиќ од 1992 година. Главните улоги ги играат: Лазар Ристовски, Димитрије Војнов, Аница Добра, Мики Манојловиќ, Оливера Марковиќ, Раде Марковиќ, Богдан Диклиќ, Војислав Брајовиќ, Бранимир Брстина и Весна Тривалиќ.Тито и ја (пристапено на 18.6.2023)
Содржина Дејството на филмот се одвива во 1950-тите. Ученикот Зоран победува на училишниот конкурс за најдобар состав посветен на Јосип Броз Тито, а наградата претставува учество во маршот по родниот крај на Тито. Во својот труд, Зоран напишал дека го сака Тито повеќе од своите родители, поради што тие паѓаат во очај. Зоран, пак, не сфаќа што е чудно во неговата песничка за Тито. За него, излетот до Кумровец претставува големо искушение. Освен што не е навикнат на природата, пешачењето и самостојниот живот, него го прогонува и воспитувачот кој ја предводи групата. Дури откако ќе заскита во шумата, Зоран сфаќа што е семејството, а што љубовта кон Тито.
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на Авала филм Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови од 1992 година Категорија:Филмови на Горан Марковиќ Категорија:Филмови со Лазар Ристовски Категорија:Филмови со Димитрије Војнов Категорија:Филмови со Аница Добра Категорија:Филмови со Предраг Манојловиќ Категорија:Филмови со Драган Николиќ Категорија:Филмови со Миќа Томиќ Категорија:Филмови со Оливера Марковиќ Категорија:Филмови со Раде Марковиќ Категорија:Филмови со Богдан Диклиќ Категорија:Филмови со Воја Брајовиќ Категорија:Филмови со Бранимир Брстина Категорија:Филмови со Весна Тривалиќ