Основно училиште „Д-р Трифун Пановски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Д-р Трифун Пановски“ - Нижеполе; скратено: ПООУ „Д-р Трифун Пановски“) — поранешно подрачно основно училиште во селото Нижеполе, кое претставувало единка на истоименото училиште од градот Битола, Општина Битола.

Училиштето е именувано по македонскиот учесник во НОВ и прв партизански лекар, Трифун Пановски.

Историја

мини|220п|лево|Училиштето во почетокот на век.

Градбата е изградена во дворот на црквата „Света Петка“ на крајот на или на самиот почеток на век како грчко училиште за претежно гркоманското влашко население од Нижеполе. Во триаголниот простор над нејзиниот главен влез има опширен натпис кој информира дека училиштето е изградено во времето на митрополитот Амвросиј Пелагониски (1899–1903) со средства од нижополецот Константин Беби (Константинос Бембис). Зградата е во класичен и еклектичен стил популарен во тоа време во Битола.

По воспоставувањето на македонската држава, училиштето го добило името по докторот и партизанот Трифун Пановски.

Училиштето престанало со настава после учебната 2010/11 година.

Особености

Подрачното училиште во Нижеполе располага со училишна зграда со површина од 321,00 м2 во која се наоѓаат две училници и една канцеларија, и училишниот двор со површина од 180,00 м2

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Поранешни основни училишта во Општина Битола Категорија:Нижеполе Нижеполе Категорија:Поранешни основни училишта во Македонија Категорија:Престаноци во 2011 година во Македонија