Кирил Поп Христов - Кили (р. година во Скопје – 11 март 2026 во Кито, Еквадор) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Христов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсегот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година до 2014 година, и накратко во 2018 година, Христов работел во Македонски народен театар во Скопје. Во 2014 година, тој заминал во Еквадор. Тој починал од инфаркт во сон, на 11 март 2026 година, во Кито, Еквадор. Негова сопруга била професорката по танц и кореограф Гордана Деан Поп-Христова.

Филмографија Година Филм Улога 1987 Пикасо ТВ-филм 1988 Марика лета со авион ТВ-филм 1990 Трст виа Скопје ТВ-серија 1991 Тетовирање ТВ-филм Исус 1991 ТВ Театар ТВ-серија 1992 Македонски народни приказни ТВ-серија 1993 Македонска сага ТВ-филм Дамјан 1994 Бумбари ТВ-серија Игор 1995 Во светот на бајките ТВ-серија 1996 Нечиста крв ТВ-филм Младич 1997 Преку езерото ТВ-филм Чувар на камп 1998 Збогум на 20-тиот век ТВ-филм 2000 Досие Скопје ТВ-серија 2002 Судијата ТВ-филм 2002 Наше маало ТВ-серија Пријателот 2005 Бал-кан-кан ТВ-филм Цоро 2006 Самитот на шаманите ТВ-филм 2007 Десет ТВ-филм Павел 2008 Убави ТВ-филм 2011 Панкот не е мртов ТВ-филм Паша 2012 Тајната на нечистата крв ТВ-серија Патријарх Димитрије 2012 Скопје ремикс ТВ-филм Глас 2018 Еј ТВ-филм Најавувачот

Наводи

Надворешни врски

Животопис на Кирил Поп Христов на Македонски народен театар.

Категорија:Починати во 2026 година Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Починати во Еквадор Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје