Т-64 — прв советски тенк со тројца членови на екипажот, што се должи на инсталирањето на автоматски полнач на топот. Бил дизајниран во исто време со Т-72. Првиот прототип бил завршен во 1960 година, додека сериското производство почнало во 1969 година. Новина бил 125-милиметарскиот топ со мазна цевка, кој подоцна станал стандард за сите руски тенкови. На неговата основа бил развиен поуспешниот Т-80. Т-64 го доживеал своето огнено крштевање на 20 јуни 1992 година за време на битките во близина на градот Бендер во Молдавија.

Огнена моќ Основа на огнената моќ на Т-64 е 125-мм топ со автоматско полнење 2А26М2 со вертикално поставена муниција за која се зборува дека е опасна за екипажот. Поради оваа причина, подоцнежните тенкови (Т-72, Т-80, Т-90) добиле автоматски полначи со хоризонтално поставена муниција. Покрај обична муниција, верзијата Т-64Б е опремена и со системот 9К112-1, кој ја користи противтенковска наведувана ракета 9М112М Кобра, со која може да уништува цели на оддалеченост до 4.000 метри. Пробојноста е 600 mm на хомоген челичен оклоп. Може да се гаѓаат неподвижни и подвижни цели во движење.

Оклопна заштита Оклопот на Т-64 се состои од челични плочи за телото и лиен панцирен челик за куполата. На посебно осетливи места на предната и челната страна на телото на куполата поставен е околоп кој се состои од челик и плочки од стаклопластика. Се поставува и реактивно-експлозивен оклоп.

3-кратен композитен оклоп (К формула), со дебелина помеѓу 450 и 20 mm: предна страна: челик 120 mm, фиберглас 105 mm, челик 40 mm. страна: челик 80 mm. предната страна на куполата: челик 150 mm, фиберглас 150 mm, челик 40 mm

Покретливост Т-64 е придвижуван од двотактен, петцилиндричен дизел мотор 5DTF со моќност од 700 КС и максимална брзина од 75 km/h. Неговиот домет е 400 км.

брзина на пат: 75 km/h брзина на терен: 35 km/h сооднос моќност-тежина: 16,2 т досег: 400 km, 700 km со надворешни резервоари притисок на земјата: 88 kPa длабочина 1,8 m во вода, со дишалка 5 m најголем нагиб 30°

Корисници Руска Федерација - 4000, повеќето во резерва. Украина - 2281, повеќето надградени Узбекистан - 100

Наводи

Надворешни врски

Kampfpanzer T-64 T-64  Оригиналната верзија на страната архивирана на 21 јануари 2009 и Bulat  Оригиналната верзија на страната архивирана на 19 октомври 2004 на КМДБ (Страница на произведувачот)

Категорија:Советски тенкови