Марија Шарапова ја победила Ана Ивановиќ во финалето со 7–5, 6–3 со што ја освоила титулата во женска конкуренција на Отвореното тениско првенство на Австралија 2008. Тоа била нејзината трета гренд слем титула во поединечна конкуренција, а на патот до неа таа не загубила ниту еден сет и не одиграла ниту еден тајбрејк во било кој сет. Со освојувањето на титулата, Шарапова исто така станала првата русинка која ја освоила титулата на Австралијан Опен. За финалистката Ивановиќ ова бил вториот пораз во исто толку финалиња на гренд слем турнирите, иако таа ја освоила титулата на Ролан Гарос само неколку месеци подоцна.
Серена Вилијамс влегла во турнирот како бранителка на титулата, но таа била елиминирана во финалето од Јелена Јанковиќ.
Жустин Енен, чија последователна серија од 33 добиени натпревари по ред датирала од Роџерс купот 2007, конечно била поразена во четвртфиналето од Шарапова.
Агњешка Радвањска станала првата полска тенисерка што стигнала до четвртфиналето во Опен ерата, и првата што го постигнала тоа по Јадвига Једрејовска на Вимблдон 1939 година.
Ова било прво учество на Отвореното тениско првенство на Австралија за подоцнежната победничка Каролина Возњацки, која загубила од Ивановиќ во четврото коло.
Носители
Квалификации
Жреб
Завршница на турнирот
Горна половина на ждребот
Сектор 1
Сектор 2
Сектор 3
Сектор 4
Долна половина на ждребот
Сектор 5
Сектор 6
Сектор 7
Сектор 8
Финале
250px|thumb|left|Марија Шарапова
Статистика од натпреварот Категорија Шарапова Ивановиќ Прв сервис % 27/50 (54%) 42/70 (60%) Освоени поени на прв сервис24 од 27 = 89% 26 од 42 = 62% Освоени поени на втор сервис16 од 23 = 70% 14 од 28 = 50% Вкупно освоени поени на сервис40 од 50 = 80.00% 40 од 70 = 57.14% Асови 1 3 Двојни грешки 3 4 Винери16 14 Неизнудени грешки15 33 Поени на мрежа 7 од 10 = 70% 4 of 11 = 36% Брејк шанси 4 од 9 = 44% 1 од 2 = 50% Поени на ритерн 30 од 70 = 43% 10 од 50 = 20% Вкупо освоени поени 70 50Извор
300px|thumb|Ана Ивановиќ
Надворешни врски 2008 Australian Open – Women's draws and results at the International Tennis Federation