мини|250x250пкс|„Поклонување на мудреците“ (холандски: Aanbidding der Koningen — Поклонување на царевите). Рембрант Магови (еднина: маг, староперсиски: 𐎶𐎦𐎢𐏁(maguš), старогрчки: Μάγοι, латински: magus) — свештеници и членови на свештеничката каста во Стар Иран, како и во голем број земји соседни со Иран. Според Херодот (V век п.н.е.), едно од племињата на Медијците, а во исто време и медиските бајачи и жреци (пагански свештеници) биле наречени магови. Според некои истражувачи, маговите се придржувале до еднобоштвото во нивните религиозни ставови.DASTUR FIROZE M. KOTWAL (July 1990), "A BRIEF HISTORY OF THE PARSI PRIESTHOOD", Indo-Iranian Journal, Vol. 33, No. 3, pp. 165-175. Со ширењето на зороастризмот во Западен Иран, маговите дејствуваат како негови жреци, препознавајќи го Заратустра како свој пророк (истражувачите го датираат овој настан на различни начини: од VII до крајот на V — почеток на IV век п.н.е.).The Origins of Zoroastrian Priesthood in India, Parsi Khabar, April 29, 2009 Маговите играле голема улога во политичкиот живот на Стар Иран — во раните фази на државноста, тие во целост ја поддржувале царската власт во борбата против родовското благородништво. За време на Сасанидите, маговите биле главно поткрепа на конзервативните норми на општествениот живот.24*17الكامل في التاريخ مجلد أول-Al Kamel fi Tarikh V1 1C с. 128 Во хеленистичкиот период и подоцна, зборот „магови“ почнал да се однесува на волшебници, маѓепсници, астролози итн.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Магија Категорија:Историја на Иран Категорија:Маги __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__