Слендермен (, македонски: „Тенкиот Човек“), познат и како Слендер (англ. Slender) — измислен лик создаден како интернет-мем од корисникот на семрежниот форум Something Awful — Ерик Кнудсен (познат како „Виктор Серџ“) во 2009 г. Тој е прикажан како налик на неприродно висок, слаб, безличен човек облечен во црн костум и црвена или понекогаш црна вратоврска со пипала зад грбот. Приказните за Слендермен обично вклучуваат следење, грабнување и јадење луѓе, особено деца. Ликот Слендермен не е ограничен на една приказна, туку се појавува во разни творби, плод на уметнички измислици, најчесто создадени на семрежјето.
Опис Слендермен е опишан како висок лик на маж без лице. Може да се телепортира, а во игрите за Слендер, тој го прави ова само кога играчот не е свртен кон него. Има и пипала што се појавуваат од грбот, но не секогаш. Во суштина, тој ги користи за самоодбрана или за да ги запрепасти луѓето. Слендермен ја избегнува сончевата светлина бидејќи тоа е неговата слабост, иако понекогаш може да се види на неа. Многу луѓе го мислат како вид дух или привидение, но тој всушност е човечки лик направен од неприродна плазмена материја, како суштество што личи на 4Д-призрак. Слендермен најчесто се поврзува со белешки што се осум на број.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Измислени ликови Категорија:Урбани легенди