Мартин Мекена (11 ноември 1832 – 7 мај 1907) бил австралиски пивар и политичар во Викторија, Австралија.
Роден во Карахил, Килкени, Ирска, од Патрик, фармер и Анастасија, роденото Фихан, Мекена најпрво работел како мелничар за квекерско семејство (иако и самиот бил католик).Chris McConville, Croppies, Celts, and Catholics: the Irish in Australia (1987), p. 42. Тој мигрирал во Мелбурн, Австралија во 1854 година, каде првпат се обидел во ископувањето злато во Баларат, Арарат, Блеквуд и Форест Крик. Во 1858 година, се откажал од рударството по напад на тифусна треска, и тргнал во бизнис со својот брат во Малмсбери. Во 1859 година, Мекена ја основал пиварницата Кампаспе на улицата Ебден во Кинетон, во партнерство со неговиот пријател Вилијам Џовет, со кого Мекена останал партнер дваесет и две години.Keith Deutsher, The Breweries of Australia: A History (1999), p. 124.
Тој бил судија на мирот во Австралија. Во 1864 година, бил избран за градоначалник на округот Кинетон, а потоа од 1865 година бил нејзиниот прв претседател бидејќи округот станал административна област(анг: shire).Directory for Shires and Road Boards in Victoria, 1867 (1867), p. 51.
Се оженил со Кетрин Вилер во 1865 година, со која имал шест сина и пет ќерки. Во март 1868 година, бил избран во Викториското законодавно собрание за окрузите Кинетон во март 1868 година до неговото пензионирање во март 1874 година. Во 1864 година, по две години како советник, бил избран за градоначалник на округот Кинетон.
Во 1881 година, Мекена ја презел сопственост на пиварницата, преместувајќи ја на улицата Бошамп. Во 1887 година Мекена се придружил со конкурентот Роберт Кок за да ја формира компанијата Кинетон бруинг енд малтинг Ко. Лтд. (анг: Kyneton Brewing & Malting Co. Ltd). Тој, исто така, станал значителен земјопоседник и останал советник во областа Киентон до неговата смрт.
Наводи
Надворешни врски
Страница на Парламентот на Викторија на Мартин Мекена https://adb.anu.edu.au/biography/mckenna-martin-4107
Категорија:Починати во 1907 година Категорија:Родени во 1832 година Категорија:Австралиски политичари