Ожујско пиво (изворно Ožujsko pivo; во превод Мартовско пиво), исто така познато и продавано како Жуја (), ― хрватски бренд на одлежано пиво (5%). Тоа е водечки бренд произведен од Zagrebačka pivovara (Загребачка пивовара), најголемата пиварница во земјата која е дел од Molson Coors Brewing Company од 2013 година.

Спецификација Направено е од природни состојки: јачмен, квасец, хмељ и вода. Ожујско има златна боја. Името го добилo по месецот март (), кога традиционално се прави најдоброто пиво. Со развојот на производството, оваа сезона веќе не е важна за квалитетот на Ожујско пиво и сега може да биде приготвувано преку целата година.https://croatiaproduct.com/products/ozujsko-beer Опишан е и како „златно одлежано пиво, со длабока бела глава. Носот од слатка пченка и слад дава овошен завршеток“.Beer Book, DK, pp. 295

Историја Ожујско пиво е едно од најстарите брендови со непрекинато продолжение на производство во Хрватска. За прв пат е произведено во 1892 година.

Продажба и спонзори Ožujsko pivo е водечки бренд на пиво во однос на продажбата во Хрватска, со пазарен удел од приближно 40%. Во последните 15 години Ожујско пиво е службен спонзор на хрватската фудбалска репрезентација.

Наводи

Категорија:Економија на Загреб Категорија:Производи измислени во 1892 година Категорија:Брендови на Molson Coors Категорија:Пивото во Хрватска Категорија:Хрватски брендови