Лара Иванова (родена на 14 мај 2004 г.) — македонска пејачка.
Биографија Лара Иванова е родена во Скопје и од своја 6-годишна возраст започнала паралелно да посетува основно музичко и основно балетско училиште. Во 2010 година, таа настапила на детскиот фестивал „Супер ѕвезда“ со песната „Фабрика за насмевки“ на композиторот Александар Масевски.Лара Иванова: Моето време допрва доаѓа fakulteti.mk; 23 февруари 2022 Иванова се школувала во средното музичко и балетско училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје на балетскиот отсек.
Во 2019 година, таа за прв пат настапила на фестивалот Макфест со песната „Кој те учи така“, компонирана од страна на Иле Спасев, за која тој ја добил наградата за најдобар аранжман. Една година подоцна, таа се претставила на Макфест со песната „За нас“, за чиј текст се погрижил Робин Зимбаков, а за аранжманот на песната, Иле Спасов повторно ја добил наградата за најдобар аранжман, втора последователна година.Видео интервју: Награда за најдобар аранжман за песната на Лара Иванова, втора година по ред Точка; 21 септември 2020 Во 2021 година, Лара ја добила наградата за најдобра интерпретација на 36. издание на Макфест, за изведбата на песната „Душа“, создадена од тандемот Зимбаков-Спасев.(ВИДЕО) Најдобра интерпретација на „Макфест“: Лара Иванова со спот за „Душа“ fashionel.mk; 24 септември 2021
Лара учествувала во македонскиот избор за песна на Евровизија за 2022 година со песната „Flower of Sorrow“ (македонски: Цвеќе на тагата), завршувајќи на четвртото место во конечниот пласман. На Макфест 2022, Лара настапила заедно со Пајак со песната „Bella“, која станала огромен хит во Македонија и на балканските простори.
На 26. издание на популарната манифестација Златна бубамара на популарноста, во 2023 година, Лара ја добила наградата за најперспективна пејачка.Koj ги доби златните бубамари за 2022? Радио Бубамара; 17 март 2023
Дискографија Песни
2019: „Кој те учи така“ 2020: „За нас“/„Goodbye“ 2020: „Полудена по тебе“/„Crazy 'Bout you“ 2020: „Некогаш ќе помине“ 2021: „Кој е сега крив“ 2021: „Осамена“ 2021: „Zero Gravitation“ (заедно со Cyrillic) 2021: „Душа“ 2021: „Само сврти се“ (дует со Панче Касапски) 2022: „Цвеќе на тагата“/„Flower of Sorrow“ 2022: „Ремек-дело“ 2022: „Јас против целиот свет“ (дует со Роберт Билбилов) 2022: „Bella“ (дует со Пајак) 2023: „Нека гори“ 2023: „Ме сакаш кога ме немаш“ 2024: „Сите светла“ (дует со Јосиф) 2024: „Лутам“ (заедно со Бокса) 2024: „Фиеста“ (заедно со Дупер, Луна и Јосиф) 2024: „Само лага“ 2024: „Ризик“ 2024: „Токсин“ (дует со Панче Касапски) 2024: „Таму горе“ 2025: „After Party“ (дует со Vanski) 2025: „Доминантен” 2026: „Галерија“ (дует со Vanski) 2026: „Вкус на неморал“ 2026: „Тотално луда“ (дует со Пајак) 2026: „Ајде“
Наводи
Категорија:Родени во 2004 година Категорија:Македонски поп-пејачи