Ликокремасма (, Ликокремасма) — поранешно село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба Селото е сместено на надморска височина од 1.100 м, околу 30 км северозападно од градот Гребен, во непосредна близина на изворите на Жужелска Река.

Историја Непосредно пред Втората светска војна селото било основано како сточарска населба од влашки семејства. Во пописот од 1940 г. селото е забележано со 33 жители. Во текот на Втората светска војна, жителите го напуштиле селото. По војната, селото не било обновено.

Наводи

Категорија:Историски села во Гребен