Арсениј Петрович Јацењук (украински: Арсеній Петрович Яценюк) (р. 22 мај 1974, Черновци, Черновечка област) е поренешен претседател на Врховната рада на Украина, адвокат и економист. Пред да стане претседател на Врховната рада, повремено бил и министер за надворешни работи.Украинскиот претседател ќе го предложи Арсениј Јаценјук за шеф на дипломатијата; преземено од порталот ИдиВиди (20 март 2007)
Студирал на Черновечкиот државен универзитет (1996), Черновечкиот трговско-економски универзитет (2001). Зборува украински, руски и англиски.
Животопис Откако започнал со студии на Черновечкиот универзитет, Арсениј ја основал студентската адвокатска фирма „ЮРЕК Лтд.“ (Черновци). Бил нејзин претседател во периодот 1992-1997 г. Следните три години работел како советник на кредитната комора и помошник претседател на банката „Аваль“. Студиите по економија ги завршил во 2001 г. и веднаш стапил на должноста министер за економија во автономната Република Крим. Таа функција ја обавувал две години.
Неговата политичка активност започнува со доаѓањето на местото помошник на претседателот на Националната банка на Украина, во јануари 2004 г. Во тоа време претседател на Националната банка бил Сергеј Тигипко, со кој имал многу коректни односи. Кога Тигипко ја напуштил таа функција, Јацењук привремено го заземал неговото место. Потоа следела поканата од новоназначениот гувернер на Одеската област, Васил Цушко, кој му ја понудил вице-гувернерската позиција, т.е. помошник на претседателот на Одеска обласна државна администрација. Арсениј на ова работно место се задржал седум месеци, бидејќи на 27 септември 2005 г. влегол во владиниот кабинет на Јуриј Јехануров како министер за економија. По предлог на претседателот Виктор Јушченко, Јацењук станал новиот министер за надворешни работи на Украина, во кус временски интервал од 21 март 2007 до 4 декември 2007 г.Арсениј Јаценјук е нов министер за надворешни работи на Украина; преземено од порталот ИдиВиди (21 март 2007) Во времето на вонредните парламентарни избори, станал пратеник од НУ-НС (партијата на Јушченко).
На 4 декември 2007 беше избран за претседател на Врховната рада (со 227 гласови поддршка од 225 потребни). Поради политичката криза во Украина (септември 2008), Јацењук понудил ја неговата оставка од местото за претседател на Врховната рада. Парламентот ја прифатил со 233 гласа „за“ од потребните 226 (неопходно мнозинство во 450 члениот Парламент).Парламентот на Украина ја прифати оставката на претседателот Арсениј Јаценјук; преземено од порталот ИдиВиди (12 ноември 2008) На 21 ноември 2008 г. Арсениј беше разрешен од Националниот совет за државна безбедност од страна на претседателот Виктор Јушченко.Расплет украјинске политичке кризе на јесен? ; преземено од Нова Српска Политичка Мисла (17 мај 2009)
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Мрежно место на партијата на Арсениј Јацењук, „Фронт за промени“ Што мислат пратениците од Врховнара рада за Јацењук ; издание на Нови Регион
Категорија:Живи луѓе Категорија:Украински политичари