Шаболовскаја (руски: Шаболовская) — станица на московското метро во Донској, Москва, Русија. Се наоѓа на линијата Калужско-Рижскаја, помеѓу станиците Октјабрскаја и Ленински проспект. Иако самата станица била изградена заедно со остатокот од линијата Калужскаја во 1962 година, проблеми со ескалаторот го одложило нејзиното отворање до 6 ноември 1980 година, така што не изгледа слично на другите станици изградени во 1960-тите на линијата.

Категорија:Московско метро Категорија:Линија Калужско-Рижскаја Категорија:Станици на Московското метро