Граховско Езеро () ― езеро во Општина Никшиќ, во близина на градот Грахово во југозападна Црна Гора.
Тоа е вештачко езеро кое е акумулација на Граховска Река. Дното на езерото е главно на база на доломит . Самото езеро е долго 700 метри, широко 200 метри и длабоко 25 метри. Браната е висока 30 метри, а широка три метри. Езерото е значаен воден резервоар кој е користен за земјоделското производство на Грахово, но е користен и за спорт и рекреација.Grahovo - Dinarsko gorje Изградбата на браната е започната во 1952 година, завршена во 1962 година, додека во 1988 година е подложена на преизградба.
Изворот на езерото е во областа Шеврљуга.
Поврзано
Грахово (Никшиќ) Граховац
Наводи
Книжевност
Категорија:Општина Никшиќ Категорија:Езера во Црна Гора Категорија:Координати на Википодатоците