Дино Михолов (роден на 29 јануари 2005 година) ― македонски фудбалски напаѓач.

Клупска кариера Неговите први фудбалски денови ги минал во школата на Мал Ајакс, каде што прв учител му бил Влатко Манев. Во 2020 година се приклучил во младинските категории на Брегалница 2008. Во сезоната 2021/22, Михолов постигнал 12 голови во младинската Супер лига на Македонија во дресот на Брегалница 2008.

Во сезоната 2022/23, Михолов заиграл за сениорскиот состав на Брегалница 2008 која во моментот играла во Првата лига. Неговото деби било на 12 март 2023 година.

Репрезентативна карира Михолов бил вклучен во младинските репрезентации на Македонија. Во 2021 година, Дино Михолов бил во кампот за репрезентацијата до 16 години.

Наводи

Надворешни врски

Дино Михолов на Transfermarkt.com Дино Михолов на Flashscore.com

Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери од Штип Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2005 година Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Машки фудбалски напаѓачи Категорија:Македонски фудбалски напаѓачи Категорија:Македонски младински фудбалски репрезентативци