Јован Ангелов-Циго (23 септември 1942, — 1997, ) — македонски алпинист, планинар, инструктор по алпинизам, електротехничар, познат како ментор и инструктор за планинарство и алпинизам на повеќе генерации Македонските алпинисти, еден од основоположниците на Македонскиот алпинизам. Има реализирано голем број на алпинистички искачувања како во земјата, така и во странство.
Животопис алт=Планинарскиот клуб „Љуботен" од Тетово, на 15 ноември 2025 година, на прославата од 100-годиншнината од своето основање и постоење, на Јован Ангелов - Циго постхумно му додели највисоко признание.|мини|Награда од планинарскиот клуб „Љуботен“.|лево|261x261пксЈован Ангелов бил дел од алпинистичкиот одсек во Скопје, и постојано одржувал контакти со алпинисти и алпинистички друштава од Словенија и цела Југославија, и постојано своето алпинистичко образование го надоградувал во Словенија, потоа пренрсувајќи го на други алпинисти во Македонија. Постојано учествувал на алпинистички собири во Југославија и пошироко. Бил прв сојузен инструктор по алпинизам во тогашна С.Р. Македонија.Со ова звање се здобил со полагање на испит во тогашна С.Р. Словенија. Како дел од испитот, изготвил елаборат за Македонска алпинистичка експедиција. Со тоа се удрени темелите на македонските алпинистички експедиции.
Во 1964 година, Јован Ангелов го поведува на качување на Матка Јован Попоски, тогаш почетник, прават искачување на „Отмаровата насока“ на Отмарова карпа на Матка.
Потоа, истата година, Јован Ангелов и Јован Попоски тргнуваат на голем сојузен собир на алпинисти на Триглав, а заедно со нив од Македонија на овој собир присуствувале и Слободан Ѓорѓевиќ - Козич и Владимир Андревски - Пајо. Покрај повеќето искачени алпинистички насоки на северната Триглавска Стeна, на 6 август 1964 година, Јован Ангелов - Циго заедно Станислав Гилиќ - Станко (1932–2017) од Риека (според други информации со Силвијe Вершa од Риека) ја има искачено насоката „Чопов Стебер“ на Северната Триглавска Стена, Јулиски Алпи, Словенија.https://www.gore-ljudje.si/copov-steber-2
алт=Горењски турнц, северна Триглавска стена, Словенија, август 1964 година. Од лево кон десно: Станислав Гилиќ - Станко, Јован Ангелов - Циго, Јован Попоски - Јове.|мини|Горењски турнц, северна Триглавска стена, Словенија, август 1964 година. Од лево кон десно: Станислав Гилиќ - Станко, Јован Ангелов - Циго, Јован Попоски - Јове.
алт=Јован Ангелов - Циго при искачување на насоката „Раз Јаловца“, Jаловец, Јулијски Алпи, Словенија.|мини|Јован Ангелов - Циго при искачување на насоката „Раз Јаловца“, Jаловец, Јулиски Алпи, Словенија, во наврска со Јован Попоски и Иван Жежовски - Жежо.
Во 1968 година, како претставник од Македонија присуствува на меѓународен алпинистички собир на планината Рила во Бугарија, каде, покрај другите искачувања, качува заедно со познатиот француски алпинист Рене Демезон.
Во 1974 година во Македонија службено престојува Вања Матијевец, алпинист од Словенија, и заедно со Јован Ангелов качувале на Матка на „Жежов Централен смер“.https://gore-ljudje.net/novosti/alpinisticne-novice-25-1974/
Во 1980 година Јован Ангелов е дел од Македонската алпинистичка експедиција на Маунт Кенија, која за цел имала искачување на врвовите Ухуру (5895 m н.в.) на Килиманџаро, како и на врвот Батион (5199 m н.в.) на Маунт Кенија. Дел од оваа експедиција бил Јован Попоски.
На Матка, на Отмаровата карпа, постои насока посветена во чест на Јован Ангелов која е за првпат искачена од неговите пријатели и ученици алпинисти, насоката се вика „Циго“.
Во 2005, постхумно добива спомен-плакета од страна на Советот на Општина Кисела Вода, Скопје.https://opstinakiselavoda.gov.mk/formmal-session-of-the-council/http://ipserver1.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/ed08d5a96dd55a73c12570820045ddd3?OpenDocument
Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, на 15 ноември 2025 година, на прославата од 100-годишнината од своето основање и постоење, на Јован Ангелов - Циго постхумно му додели највисоко признание. алт=Како и повеќето алпинисти кај нас во тој период, и Јован Ангелов хонорарно работел на височина и непристапни места. На оваа фотографија е прикажан како работи на оџакот на фабриката ОХИС - Скопје. 961 × 720пиксели·JPG|мини|Како и повеќето алпинисти кај нас во тој период, и Јован Ангелов хонорарно работел на височина и непристапни места. На оваа фотографија е прикажан како работи на оџакот на фабриката ОХИС - Скопје. Наводи
Категорија:Македонски планинари Категорија:Родени во 1942 година Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Починати во Скопје