Сириски Вилает (; ),Salname-yi Vilâyet-i Suriye ("Yearbook of the Vilayet of Syria"), Syria vilâyet matbaası, Suriye [Syria], 1300 . in the website of Hathi Trust Digital Library. познат и како Дамаски Вилает,Geographical Dictionary of the World in the early 20th Century. ― вилает (административна единица) од прво ниво во Отоманската Империја.
На почетокот на 20 век, наводно имал површина од 62,180 км2, додека прелиминарните резултати од првиот османлиски попис од 1885 година (објавен во 1908 година) прикажал дека населението е 1.000.000 жители.Asia by A. H. Keane, стр. 460 Точноста на бројките на населението се движи од „приближна“ до „само претпоставена“ во зависност од регионот од кој се собрани.
Историја Во 1864 година беше објавен Законот за вилаети.The Arabs of the Ottoman Empire, 1516–1918: A Social and Cultural History, стр. 177, 181-182. Новиот покраински закон бил спроведен во Дамаск во 1865 година, а преобликуваната покраина била именувана Сирија (Сурија/Сурије), што ја одразува растечката историска свест кај месните интелектуалци. Ерусалим бил одделен од останатиот дел од покраината и бил направен во независниот Ерусалимски Санџак кој известувал директно до Константинопол, наместо во Дамаск. На сличен начин, Мутасарифството Планина Либан била направена во самоуправно мутасарифство во 1864 година.
Во 1872 година, бил создаден нов административен регион, со средиште во Маан, но трошоците за новата административна единица многу ги надминале приходите, и таа била прекината следната година. Во 1884 година, управникот на Дамаск дал предлог за создавање нов вилает во јужна Сирија, иако ништо не произлегло од тоа.
Во 1888 година, од Сирискиот Вилает бил создаден Бејрутскиот Вилает. Во мај 1892 година, бил даден уште еден предлог за регионална влада со средиште во Маан, кој бил одобрен во август. Во средината на 1895 година, средиштето на ова мутасарифство било преместен во Карак (Карачко Мутасарифство), означувајќи го најјужниот дел од отоманското владеење во Сирискиот Вилает.
Од 1897 година, Сирискиот Вилает бил поделен на четири санџаци: Дамаски, Хамски, Хаурански и Карачки Санџак. Главниот град на Вилаетот бил Дамаск.First Encyclopaedia of Islam: 1913–1936, Volume II, стр. 909.
Поврзано
Отоманска Сирија Административна поделба на Отоманската Империја
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Вилаети на Отоманското Царство во Азија Категорија:Престаноци во 1918 година во Отоманското Царство Категорија:Појавено во 1865 година во Отоманското Царство Категорија:Статии со извори на арапски (ar) Категорија:Статии со текст на арапски Категорија:Статии со извори на османски турски (ota) Категорија:Статии со текст на османски турски (1500-1928)